во (предл.) - теме (имн.)

Повеќето кои паѓаат, куршум добиваат во темето, плеќите, нозете.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Зима. извор Да си молчалив И да не ја сфатиш песната: Говорот на непознатиот Ти, Зборот Низ кој гргори Песната: Преточениот Ти. во мојата глава Во мојата глава: Огнови и цвеќе Во моето срце Огнови и цвеќе О, каде со толку оган И каде со толку цвеќе? тага Лази мрак По мојата Душа Лази. семе Ослободен од себеси Со помалку жар во темето Спокојно талкам по небеси Збирајќи го Од светлоста Семето. патување Долго е Безболното И Бесконечното Патување.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
- Ајде смири се, капетане! - Снежана стоеше зад него целивајќи го во темето, кое од долгото носење капа видливо се беше проретчило.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но сочуствителноста којашто ми е толку многу својствена чини морници да ми џуркаат по `рбетот во темето, поради грозомората во која се наоѓаат оние кои се останати надвор од црвените предели на животот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Светлината се лизгаше од левата на десната страна и пак се враќаше назад во согласност со ритамот на звукот што го произведуваше некаков спој на неонката над мене и ја распаруваше тишината удирајќи ме во темето со тежина на олово.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Гледаше со замаглен поглед во темето на Отец Симеон згрчен во еден ќош и потпрен со брада на своите коленици.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тоа искуство се таложело и се множело во челото, во темето и само јас тоа знаење го поседувам, го средувам и го боледувам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Некогаш многу подоцна, иако тоа се случи истиот миг, сознанието од Језекила го распара и оној продорен вресок; беше тоа еден таков глас, од кој морниците по телото се крвави, зачестени, немилосрдни боцкања со игли, еден цел сноп игли, што минуваат по целата кожа, а потоа се присобираат во темето и тука длабат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го удрив право во темето, таму на местото каде што лежеше.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И вели дека брадавицата на левата боска И е позрела и дека набргу, многу бргу, ќе ја гризне Таа презреана капина И притоа бара од неа Да ја свлече кралската наметка Да ја симне круната Ако не ѝ е зарастена во темето А дури потоа ќе ѝ заповеда да ја покаже Спомнатата града.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Таа шепоти нешто над главата од Мирчета, му дува во темето, и ја преврзува шамијата под гуша.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)