во (предл.) - тенџере (имн.)

Ја ставате главата во тенџерето, ја држите околу 3 минути и за кратко време си го одземате животот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Се сеќаваше на телото на мајка му, слично на статуа, како се наведнува над решото на гас, за да промеша нешто во тенџерето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Наспроти нана ми, која од секогаш (а и денес, во деветтата деценија од животот) задишана, со рафални реченици без точка, стига во последен миг да исечка и додаде домати во тенџерето, да ја избрише трошката прашина на најгорната полица во шпајзот или пред легнување, вешто да ме истрие со комова за превентива, дедо ми беше убеден дека брзината победува секакво знаење и задоволство. „Ќефот“ е најважен.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Откако се двоумеше колку што можеше и не можеше долго, се сврте кон Србина, му рече: - Брачо! Да ѕирнам што има во тенџерево?
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Шишман подстанувајќи го поткрена капакот и го внесе лицето во тенџерето.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Шишман си го триеше вратот. Потоа му беше здодевно и се загледа во тенџерето пред себе.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ружа го врати недосрканиот грав во тенџерето и излезе во дворот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ги остава така на масата чиниите да мирисаат по куќата од јадењето, остатокот во тенџерето непокриен да се распаѓа и да го наплукуваат мувите, и со сите оние трошки по масата. Гадно.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
што пијат, едниот слатко кафе, другиот горко, а третиот чај и не јадат сите иста сарма со месо во сооднос 700 грама јунешко, 300 свинско, бидејќи таква му е верата на едниот од нив, па треба да му се испржат јајца и тоа во тенџере, зашто до тавчињата не може да се дојде од многу нафрлани работи,
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Мајката вареше пченица во кујната, а дедото седеше на столчето до шпоретот, загледан во тенџерето.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
За гравот Тешко се вари и во тенџере и во стомак, а нема, нема, ќе го приставам.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И биди среќен ако има место на троседот што се пушта зашто секогаш има и полошо: на пример, отоман во кујна покрај шпоретот на кој цела ноќ се крчка на тивко сарма од кисел купус во тенџере за ајвар, дека сте едно семејство, ама имате деца како од две, нели!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ги фрлив во тенџерето и двете виршли.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И таа почнува да меша во тенџерето со едно стапче.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Кога го изнесов месото и го оставив на сред маса свекрва ми љубопитно погледна во тенџерето.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се изненадив кога видов дека е малку понизок од тетка ми, со многу влакнести раце, темен тен и густи црни брада и мустаќи.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Пика глава во тенџере и лиже.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
- О! - извика мајка му, па стана и го крена капакот од тенџерето што беше врз печката. А во тенџерето - ни капка вода.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)