во (предл.) - тепсија (имн.)

Со господски одмерен гест, дедо го свлекува килимчето, и додека опојната пареа ги дразни ноздрите, тој со одолжено, мераклиско „ммм... ја дели питата, парче по парче, оставајќи го во тепсијата најголемото, да ни го слади апетитот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Понекогаш сакаше да однесе во недела од полжавите што нараснуваа во тепсијата како споулавени и да му подаде на детето што секогаш ги пречекуваше по мисата со пружена рака и бараше милост, ама никако не им остануваше.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Калуѓерите го донесоа прасето во тепсија и го поставија ма масата пред игуменот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Добар е и вака да се јаде, со џимиринки, со сирење, или со кисело млеко, но многу е посладок ако пред тоа се потпече, во тепсија, заедно со џимиринките, или со сирењето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Откако ќе ги потпечеше, една по една, ко­рите за питата, одозгора врз печката, ги положуваше една врз друга, во поголема тава или во тепсија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Помина со прстите низ устата, ги оближи и ситните парчиња што му останаа во тепсијата при сечењето на месото, си ги стави во чинијата, и пред да почне да јаде, им рече на полковниците: - Повелете...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Пилето го вадеше од супата со изматените јајца, потоа парчињата месо или, во друга варијанта, исечканото месо, го редеше врз поголемата кора во тепсијата, а врз неа, со сукалото, ги положуваше горните кори.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)