во (предл.) - транс (имн.)

Оркестарот почнува мелодија која очигледно сите ја знаат, рацете се креваат во транс, а палмите се нишаат сѐ побрзо и побрзо.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Додека сите што ги знаев паѓаа во транс штом ќе го слушнеа вокалот на Жељко Бебек или соло партитурите на Горан Бреговиќ, јас целосно бев на страната на Дадо Топиќ, на неговите исповедни стихови и металниот саунд на бендот „Тајм“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во сите исламски пројави: во минијатурите на иранските сликари, во мистериозните потраги на алхемичарите, во сложените преплети на арабеските, во изреките на суфистите, во трансот на вртачите дервиши, во молитвениот спиритуал, се создаде патот до Бога...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сите повторуваа некои молитви што ги кажуваа поповите, како да беа во транс.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Од другиве излети главно нема фотографии зашто се инкриминирачки и можат индискретно да се искористат за јавна бламажа, или тајна уцена па, секако, е подобро да не паѓаш во транс, па да документираш нешто што може да биде сѐ само не да биде трајно... па, нели излет се вика?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А основни генералии, секако, мојата секретарка ќе им земе при прием на листа на чекање, па ако треба и ќе постојам пред капија, да чујам се караат ли дење, офкаат ли ноќе, тепаат ли деца и како им се насадени овошките низ дворот, па кога ќе дојдат на ред, од врата ќе паднам во транс: „Имаш дуња во дворот или воденики на балкон“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во Партијата сите носеа маски, играа ролји кои не им припаѓаат, и во трансот на поистоветувањето на она што се со она што не се, се соживуваа со маската и ролјата што ја играа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Публиката падна во транс; аплаудираа, викаа „Бравооооо!“, и дружината излезе и се поклони: Луција беше невестата, а домаќинот беше никој друг туку – Фискулутурецот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Марин Крусиќ замижа комично, небаре во транс.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Чадливата светлина откриваше јама полна со суштества чудни, развлечени, искривени и измешани во едно неодредено тело, со многу глави - еднооки, оптегнати и разиграни во транс.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И покрај огромната работа, Томаица ја следеше ревијата со огромен жар и беше во текот на цело време како во транс .
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
„Знам. Знам дека е така“ повторуваше Томе како во транс.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Секогаш беше загрижена и секогаш во транс.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
На моето чудење му немаше крај кога играчите во бели кошули, земаа еден вид мечеви односно издолжени светли куки, со кои во трансот на играта ги прободуваа образите, некои протнувајќи ги куките од едниот во другиот образ.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Зарем, кога беа намамени џиновските туни и кога една по една беа умртвувани, не нараснуваше инстинктот на морнарите-рибари, во трансот на крици и движење да подземаат непознати сили од себе, да ја покажат конечната победа, триумфот на нивната матанѕа?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Емил Сјоран во амбицијата на владеење ќе види дрога, која од оној што ја зема во преголеми дози ќе се здобива со демонот на моќта, која често завршува во диктаторски делириум...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во една прилика еден извежбан, професионален хипнотизер ме внесе во транс пред десетици луѓе при една демонстрација во неговата куќа.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Да му се посерам! Не ме чека смрдлата!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Се прави дури дека не ме гледа... ѝ се враќа на машината... чука со еден прст...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во транс сум, се тресам целиот... ѝ ја загризувам цицката!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Веќе се симнала!... ја слушам вратата долу како се отвара и нагло се треснува!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тој побара од мене да изберам вкус и да го вкусам.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Забревтан е, се забришува...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„... Хортанса исто беше во транс додека ми ја раскажуваше случката...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)