во (предл.) - трговија (имн.)

Ти треба да ме замениш во трговијата и меаната.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Добро, синко... Што можам да правам, кога од тебе не можев да направам наследник во трговијата, - зажали татко му.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Брадата почна да ја бричи, а неговото тркалесто лице го красеше бујна костенлива коса.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Амстердам е седиште на финансиската олигархија, во трговијата и индустријата. Таков одамна е забележан.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Јас ја ценев работата на Ниротакис Алимакопулос и, во еден период, интерно, во рамките на моите надлежности во трговијата со жените, го назначив за шеф на транзитната служба.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тоа ништо не менуваше во неговата работа, ниту пак во заработувачката, но очигледно му годеше како статус.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Овој висок, секогаш елегантно облечен господин, одважен во многу моменти од својот живот, во трговијата што ја врши и во управувањето со имотот, како и во заштитата од неволјите на своите сонародници, има зад себе спомогнато изградба на црква и купување камбана, отворање на народно училиште, помош на читалиштата што почнаа поначесто да се отвораат во нашите поголеми и помали градови, градење и поправање на сето она што било потребно во неговото родно Маказар и друго.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И тој како ѕидар учествуваше во развојот на овој предел, одејќи во чекор со најновите усовршувања и иновации во трговијата, употребувајќи најнови и различни материјали, менувајќи ги стиловите на куќите, што ги градеше, од стари конвенционални модели до најнови типови на ранчови, и подредените викендички кои сега се протегаа во бескрајни редици на обете страни од сообраќајната артерија.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Беше наклонет на музиката и во трговијата не си даде голем резултат. Умре од туберкулоза.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Тоа се луѓе - еснафи. Јас цел живот имам работено во трговијата, по дуќани, добро ги познавам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Со месеци во нивниот дом единствена храна биле лебот и солта, а кога им останале уште само неколку заграби брашно, решиле да се преселат во Виена, каде што Јакоб Фројд почнал да му помага на таткото на Амалија во трговијата со ткаенини.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се селеле од еден стан во друг во еврејскиот кварт Леополдштат, и во секоја улица во која се вселувале им се раѓало по уште едно дете – Роза во Вајсгарберштрасе, Марие во Пилерсдорфгасе, јас во Пфефергасе, Паулина во Глокенгасе, Александар во Пацманитенгасе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)