во (предл.) - тројка (имн.)

Дури и кога би постоело легендарното Братство, што беше малку веројатно, беше незамисливо дека неговите членови би можеле некогаш да се состанат во поголем број отколку во двојки или во тројки.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Многу брзо по меѓусебното запознавање Андон, Лилица и Азра на заеднички кревет играа во тројка.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- Собата има слузокожа. Понекогаш ми се чини дека водиме љубов во тројка.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)