во (предл.) - трупец (имн.)

Но во себе, некаде од своето дно, во онаа белина на својата будност, тој понесе од тука и еден скришем зачекан, оптегнат лак, исто како онаа исукана бичкија, висока и спремна секој миг да се вкопа во трупецот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, уште веднаш, штом бичкијата се закопа во трупецот, а тој се поттргна малку настрана за да здивне, онака скапнат, со две врени клопчиња умора под своите мишки, погледот му запре на прозорецот и уште веднаш знаеше дека сега, само уште кусо време, ќе мора да дојде и крајот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Само кога ќе подзастанеше еден миг, со виснати раце и со две капки пот над веѓите, можеше да погледне на сето тоа, но уште веднаш потоа сѐ исчезнуваше, оставајќи го целото негово суштествување само за да може да ја дочуе и најнезабележливата промена во писокот на неговата пила, додека таа саскаше низ некој глужд во трупецот под себе, за сето време чувајќи го на дофат малото кутивче со подмас, со кое поминуваше по сите зглобови и по сите колена на механизмот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)