во (предл.) - уверување (имн.)

Нежни во ставата, во насмевката, во говорот, а толку цврсти во своите намери, во уверувањата, во постапките.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Треба да се помириме со тоа дека смртта не е премин од еден вид на постоење во друг, туку прекин на постоењето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
“И дали е тоа доволна причина утехата да си ја побарам во уверување дека смртта не е крај на постоењето?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)