во (предл.) - ука (имн.)

И сочини Писмородецот точно триесет и две букви, триесет и две сликички за зборови триесет и два без кои не може ниеден владетел, и кои нужни му се во уката на владеењето со други, меѓу кои најважни се: „јас“, „власт“, „уво“ (доушник што значеше, човек што слуша кој што говори за власта и потем преподава кај царот) и други, а писмото тоа изгледаше целото вака: Кога виде отец Стефан дека е добро словото што со своја рака а со писмото новородено го сочинува логотетот, му предложи да издаде заповед: по целото царство да се изучат сите нови букви; писарите, отците, управителите и сите грамотни да ги заменат старите со нови букви, за да го разбираат владетелот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Ете гледаш, чедо мое, зошто пречесен отец Стефан не можел да го реши записот од прстенот на логотетот, иако во ука мошне вешт е и надарен: затоа што за него словата сочинети се од зборови, а за мене од гласови.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Други пак велеа дека најверојатно записот воопшто не е изворен, не е од Соломонова рака сочинет, туку дека е само препис од некој запис, умножение негово, кое го сочинил некој славен предок наш, вешт во уката на умноженијата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)