во (предл.) - улица (имн.)

Ама сега не во улицата туку во населбата каде што приквечер се собираат луѓето да си поприкажат.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Отидов и јас во синагогата и на галеријата ја забележав Алегра со мајка ѝ.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Изненаден од новата појава, Јехуда се сврте и го виде возбуденто лице на таткото на Алегра, се подврати ја извади капата збунето поздравувајќи со мал наклон и кревање на капата, а потем забрза да ја стигне девојката, која стеснета од возбуда, споро чекорејќи пред него во улицата, гледаше напред за да ги избегне љубопитните погледи на стариците од зад пенџерите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Дента на Пурим, Јехуда Давидовиќ отиде во синагогата Бет Исраел во улицата „Цар Урош“ што веќе ја нема, знате сите, ја красеа лични кубиња на врвот од двете кули дезенирани со крупни риги, прости ми Боже, како на матроска маица и залепени до фасадата на храмот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Мислиш дека си одговараат?“ - ја праша жена си со замислен тон, не очекувајќи одговор. „Ти што мислиш?” - му одговори таа со ист тон.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Најдобрите се сместени во европскиот реон на градот, во улицата „Истиклал“, на убавиот прстран плоштад „Таксим“, во чија близина се наоѓа најмодерниот и најраскошен хотел на американската компанија „Хилтон“, каде што „мириса“ само на Европа и каде што Ориентот е сосема избришан. Тој е дури и поим за стандардот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но, веќе дојдовме близу до хотелот па му платив и излегов од колата на плоштадот, со намера да се упатам во улицата каде што беше хотелот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Солун може најдобро да се почувствува кога се скита бесцелно низ него, од улица во улица, од сокак во сокак, од излог до излог, од еден во друг крај.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тоа е правата синагога од седумте што се во улицата Јахимова.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Беше квечерина, кога завлеговме во улиците на Амстердам.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Старецот и младата жена ги снема во толпата од млади шетачи во улиците на „Сан Мишел“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И ако се влегува од кај „Виа Ѓургулу“ - а само низ оваа магистрала се влегува во Букурешт, кога се доаѓа од Русе - претставата за Букурешт, како за „мал Париз“, ја нарушува нераманата калдрма во улицата со стари куќарки, што го тера човека да се запраша дали навистина се наоѓа во прегратките на градот на градовите на Балканот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во улиците го нема она довикување по муштериите, а колку се оди кон пристаништето, нечистотијата и правот се зголемуваат, како и во секое пристаниште во светот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но што се чу сега: клопотарци! „Мечките!“ - му текнува на некого - и сета сурија одеднаш се стрчнува во улицата откај што допира звукот на ѕвонците.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Пред едно од кафулињата во улицата на црвените фенери застана чамец и од него уште неизлезен Вермер нарача капучино со многу пена и малку шеќер
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Млекарката излезе од платното и претрча до најблискиот киоск да си купи влажни марамчиња, да ѝ се најдат, ако, не дај боже, ѝ засолзат очите.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Во Улицата на стариот цвеќар во Истанбул сега се стискаат тајни шеп-шеп шепотари и јавни вревачи по фудбалските натпревари - жив доказ дека сегашноста сепак му завидува на минатото, тука, каде што некогаш сетики врвел и Јане Сандански, со очила за сонце и со џепен саат закачен за реверот со сребрено синџирче, а зад него, се разбира, врвеле и тајни агенти кои му ставале сопки на времето кога ќе подзабрзало.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
кога се враќав од јапонија каде другаде ако не кај станицата синџуку во токио налетав на гејши со црвени чевличиња и црвени чадорчиња видов и збунети германци кои знаеја што им бараа на гејшите ама не знаеја тоа да им го објаснат на јапонски а и гејшите чешит гејши неоти не знаеја што им бараат ама си беа задале пауза за дискретно мајтапење со збунетите германци и нивната излишна цалензи бите наперченост во улицата паралелна на улицата на црвените фенери
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Во улицата на стариот цвеќар во Истанбул сега врие од заитани бизнисмени со мобилни телефони и изгубени туристи со мобилни фотоапарати и со слушалки од вокмени во ушите.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Токму преку литературата, овозможена му е припадноста на целиот културен свет, зашто, еден вљубеник во пишаниот збор ја има можноста, како оној чуден јунак Дезесент од романот на Уисманс, што оди во лондонски паб среде Париз за таму да ја доживее атмосферата на Лондон, да ужива во улиците на Даблин читајќи го Џојс, без воопшто и да стане од својата удобна фотелја за читање...
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Потоа замина е се вработи кај својата мајка, како продавачка, во улицата Прованс. А Вашиот татко? Беше кореспондент.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Нели би биле посреќни ако имаат што да им продадат на Оно-Сендаи отколку да завршат со мртов Џони во улицата на сеќавањата.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
„Дојдете докторе ве преколнувам! ... мојата ќеркичка, мојата Алиса! ... тоа е во улица Рансиен! ... на два чекори ! ...“
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Утре ќе ја закопаат во улицата на Врбите.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Кај Робер во улицата Роајал, кај Лаклош во улицата де ла Пе.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Кога ќе бидеме во улицата Кас која е долга и без светилка ниту една, можеби ќе ја ритнам по нозете...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
4 Не бев она што се нарекува „шеесетиосмаш“. Иако во тоа време учествував во собирањата и го организирав првиот голем собир во улицата d’Ulm, бев воздржан, дури и вознемирен со одредената неусилена, сложна, контрасиндикалистичка занесеност, со одушевувањето поради најпосле „ослободените“ зборови, обновената „проѕирност“ итн.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во културата и во светот воопшто, уште не се сталожени брановите од тој удар.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Останува уште претпоставката дека во моментот се рашетува по некој замислен и недостапен за мене свет, со единствена цел да го одложи моментот на нашето соочување?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Затоа и не ми се верува дека е загледан во улицата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
До друг заклучок барем во овај момент не можам да дојдам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Млитавиот и сив општински писар трипати дневно ги ласкаше жолтите чевли, ги дуваше напудрените образи и уживаше во својата државна служба со каква во улицата можеа само тројца да се пофалат - тој, кусогледиот инспектор со несовитливи коленици и ќосавиот полн послужител во основното училиште „Вук Караџиќ“.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Без заштита на својот патрон, Пенчо беше незабележлив во улицата. Одеше скиселен и скиснат, ги заобиколуваше луѓето и не смееше да ѝ погледне на Ана в очи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Утредента и јас ја напуштив болницата за да се вратам назад - во улицата, во куќата, во гимназијата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Со месеци ништо не се одигруваше во улицата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Понекогаш, навечер, го среќавав пијан во улицата; се нишаше и зјаеше во осветлениот прозорец на инспекторот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Во тоа попладне со праќа скршив прозорец на гимназијата а кога се вратив во улицата дознав де новости: ноќта биле затврени тројцата весели студенти а ќерка му на инспекторот се свршила неочекувано со некој непознат.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Шашливите очи се крстосуваа и гледаа - и во слепиот ѕид, и во улицата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ама дали сум видел негде во улицата црна мачка?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Кога ќе стигнете до широката раскрсница, ете се гледаат од тука семафорите, веднаш свртете лево и ќе влезете во улицата што ја барате.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Марија и јас шетавме низ тој дел од градот, и таа ми ја покажа новата зграда во Улицата на Фердинанд Ходлер, во бројот 17, подигната откако старата зграда, во која биле Борхес и неговите, била урната.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но споменот на тие години во женева времето и заборавот не ги беа уништиле, ни од далеку, туку беше жив во Борхесовото паметење, па дури стана и драга област на втората татковина.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа е големото стебло во улицата Јунин кое, и не знаејќи, ни дава сенка и освежување.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во својот “Автобиографски есеј”, 1970-та, тој напиша: “Ја познавам женева многу подобро од Буенос Аирес, што лесно може да се објасни со фактот дека во женева нема две раскрсници што се слични, па човек брзо ги воочува разликите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Секој ден шетав крај таа зелена и ледена река, Рона, која минува низ самото срце на градот, а ја премостуваат седум сосема различни мостови”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа е долга улица со ниски куќи, што во квечерина се губи и преобразува.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа е Јужниот Арсенал од каде што испловија Сатурн и Космос.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
4. Првата следна среда треба да отидете во градината на кафеаната која е најблизу до соборната црква во вашиот град (овде, во Белград, тоа би било во улицата Крал Петар број 6, во градината на кафеаната Знак прашалник).
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ако таа е Асенета, може да се претпостави дека сепак ќе ви понуди да седнете и да ѝ раскажете што сте сонувале претходната ноќ.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
4. Првата следна среда отидете до градината на кафеаната која е најблизу до главниот храм во вашиот град (овде, во Белград, тоа би било во улицата Крал Петар број 6, каде што се наоѓа кафеаната Знак прашалник).
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Едгар Алан По бил хиперсензибилна и, во извесна смисла, емотивно комплексна личност.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но, во мислите се навраќав на некои од темите што беа предмет на нашиот разговор нешто порано истата вечер; тука пред сè мислам на случајот во улицата Морг и на мистериозното убиство на Марија Роже.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Треба да чекате некој младич кој на масата пред вас ќе стави еден неизрежан клуч.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Најкарактеристичен пример за овој вид се новелите Убиство во улицата Морг и Црна мачка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во улицата пред споменикот имаше статуа на еден човек на коњ, која требаше да го претставува Оливер Кромвел.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Бомбата беше разурнала една група куќи двесте метри подолу во улицата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Барем една четвртина од стаклата на прозорците во улицата беа искршени и заменети со картони.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Трендафил е од Секулево, живееше од другата страна во улицата Колишевски, една куќа потаму, на кај што заоѓаше сонцето, со две помали братчиња и со мајка си.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И реакцијата на моите сестри можам само да ја претпоставам оти тие доаѓаа од богатата рамница и од богатото село и од убавата куќа во улицата Лазо Колишевски број 10 во која се спиеше во чисто варосани и големи одаи на дрвени кревети, а знаеја и тоа дека таму имав кревет во кој сам сум спиел и една одајка од неколку квадрати со рустикална маса над која сум ги правел првите белешки од мојот Дневник, а и некои експерименти од физика и хемија.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Пети-Бретон, челични мускули, зебреста маица!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Се издигаше над градините во улицата Вожиград, улицата Моблан...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ги качува полека скалите, си ги местеше прерамките...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Видела во улицата Вивјен бесен коњ!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ружје, со големиот крив нос...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Си го поправаше завојот околу чиревите...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Хичкок: „Беше тоа многу познат настан, наречен „Опсада во улицата Сидни”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во улицата Ренгенска број 92 – а Има приватна болница За приватни болести на приватно болни Со приватни соништа и приватни деривати На храната консумирана приватно Со приватен апетит И приватни посебни потреби И потреби за мокрење и голема нужда На оние кои приватно си го гризат сонот Заробени во приватната мрежа на сонувалката Во која ферментираат идеите До згуснување До тези За поцинкувањето на ластарот За течењето на каменот За месечевата клетва во водата За гранката што грачи За се што нешто значи Меѓу зреењето на лебот И Потребата Од длабоко Дишење.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Почека таа да се појави на излезот од зградата и тргна во улицата одејќи и во пресрет.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се разбира дека тој покажа интерес за случувањата во Сан Диего, но тоа само го увери дека доживувањата на младите љубовници со ништо посебно не излегува надвор од дури и предвидливиот шаблон така што му беше доволен фактот Едо и Су продолжија заеднички да живеат како што почна во собичката на механичарската работилница на Али во Сан Диего, но сега во станот на Су во улицата „Кинг“, во центарот на Торонто.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Авторот пак се најде во улицата во која што се наоѓаше зградата во која што таа работеше, пред самиот крај на работното време.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Го впи погледот во улицата и ги виде двете сенки. Беа бесшумни и далечни.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Само под неговите чевли ќе шушкаат лисјата во улицата со темни дрвореди.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
А ти, славенику, не знаеш: во улицата скришум ме следат од прозорците, ја мерат мојата внатрешна температура и знаат дека тоа не е се, дека кловнот има уште точки со кои ќе настапи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се прибра, го прерипа убиениот и тргна по улицата кон осветлениот прозорец, пред тоа осветлен, зашто сега во улицата гореа само двете очи на автомобилот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Девојчето, кое клекната го следеше, замафта со рацете и одлета до покривот на највисокиот облакодер во улицата.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Навистина, чудно совпаѓање. Пред месец дена, дедо ми, сркајќи чорба ми кажа дека сонувал како Црниот Туѓинец го пресретнува во улицата на дивите костени.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Освен тоа, кој беше овој човек, што така ненадејно се појави тука, во улицата на дивите костени, токму кога семафорот покажа „слободен премин“, и непогрешливо ме препозна меѓу останатите минувачи?
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Човекот ме пресретнува во улицата на дивите костени, со извинувачка насмевка ми го подава решението за престанок на работниот однос, потоа заминува, претпазливо преку пешачката патека, на другата страна од улицата.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Ќе застанеше така на некоја крстосница и долго ќе ѕуреше во улицата осветлена од месечината, без решеност во која насока да се упати.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Мислам дека на моменти си играв сенка во улицата на сенките.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Зорица беше највеселото девојче во улицата. Си играше со сите дечиња. Со никого не се караше.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
„Мори, мајко, тој е најдобриот човек во улицата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Рајна Коцева купи лакирани чевли. Прва во улицата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Единствениот кој не знае да се лути. Нам ни дава шекерчиња. Си игра со кутрињата“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Како што влегувавме во улицата под куќата наша, така веќе чувме гласови на други фамилии што доаѓаа од таа страна и исто така одеа в црква.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Во темната аула на хотелот во Сингапур, во улицата Бенкулен, а „НОВА рацете му исцртуваат најразлични сфери на влијание, точката на слабост која ја откри во заштитниот оклоп на некоја група на умови.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)