во (предл.) - учење (имн.)

Не е чудо, како што е прилежен во учењето, тој и сега да си ги припомнува неправилните француски глаголи, и заправо оттука да се објаснува неговата усредсреденост.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во учењето Гоце многу добро напредуваше. Не сети како годината мина.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Бидејќи добитокот никаде него истерувавме, Петре Даскалот се трудеше што повеќе и почесто времето да го поминуваме во учење.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Тогаш веруваше дека доблеста е во неговата верба во учењето на Гамалиел, кое беше постаро и повистинско и од законите на Мојсеј.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И, оттука натаму, го поддржувал во учењето сѐ до студиите по право во Белград.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Во христијанската догма, особено во учењата на Свети Августин и Тома Аквински, се избираат оние елементи на Аристотеловото учење кои одат во прилог на величење на бесмртноста на душата, а телото го сметаат за пасивно и инертно.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Обидот на Аристотел поинаку да му пријде на односот меѓу душата и телото и да го надмине остриот дуализам на Платон, со појавата на христијанството паѓа во заборав.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Поточно, ќе разгледаме низа културни творби и активности што, се чини, имаат важна улога во учењето како да се биде геј: холивудските филмови, оперите, бродвејските мјузикли и други класични и популарни музички дела, како и кампот, обожавањето диви, дрегот, културата на мускулестост, стилот, модата и внатрешното уредување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Иако автодидакт, во проучувањето и откривањето на јазиците, надарен со силна дарба и интуиција во учењето на новите јазици, тој добро знаеше дека лингвистиката е комплексна и ригорозна наука.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Последното патување со бродот Галеб беше во 1979 година, една година пред неговото исчезнување...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Монтењ велеше дека вистинската филозофија е можеби во учењето, прилагодувањето на смртта.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Марче, ти ли си? - ѝ свика Ване од грб, но во истиот момент се покаја не дека ја прекинал во учењето туку дека ја уплашил со својата појава.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сепак, неговите цимери, секогаш готови и расположени да смислат шега за сметка на неговата наивност во познатите недостатоци, попрестанаа со своите ѓаволштини откако видоа дека тој им е корисен кога треба да им помогне или да им покаже нешто во учењето.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Синот негов и личеше и не личеше на него; го потсетуваше на него по својот немирен дух, по своето широко интересирање за таканаречените воншколски дејности - по читање весници, списанија и книги вон лектирата; по својот занес за современата забавна музика; по својата ангажираност во музичката група, каде што не удираше само по тапани ами свиреше и на други инструменти, па другарите го избраа за глава на тајфата; а не го потсетуваше на него по своето непочитување на куќниот ред, по променливиот успех во учењето и по отсуството на секаква сериозност да пројави интерес за некоја наука или струка на која би ѝ се посветил по матурата - освен музиката, се разбира, но не класичната ами исклучиво џезот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Со црвени кордели на русите плетенки, со кусо ѕвонесто здолниште во сите бои на едно ромско клопче, таа уште и дрнкаше на гитара со голи коленца едно врз друго, па немаше друштво што можеше без неа и немаше веселба без таа да е прва, макар што во учењето не се истакнуваше толку и добиваше преодни оценки благодарение на својот умилен изглед.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Свесен дека го бие глас на слаб или никаков педагог (сега измислија и нов збор - методичар), Гого не му се мешаше многу во учењето на синот што му беше пошол по стапалките, освен што со едното око ќе ѕирнеше во неговиот блок - да види до каде е.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- А тоа ли? Ништо грозно и лошо. Им помагам во учењето.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И затоа во учењето тешко ќе се снаоѓа, ќе се мачи.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Бабо, и во одделението сите сме сложни, си помагаме во учењето и работиме во разни секции.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Кој ми прави така и кој попушти во учењето, да знае, нема одење на Водно, нема никакви акции!!!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Сега бериќетот има значење и постигања во учењето и на работното место.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Се затворила во себе, избегнувала да контактира со децата и утеха наоѓала во книгата, во учењето.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
- Не гледам сосема ништо, - одговорив јас, премолчувајќи го остатокот на фразата, што си ја довршив во умот, велејќи, “добро во учењето”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- ме праша докторот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)