во (предл.) - фаза (имн.)

Во сеќавањето на протагонистите стои запишано: „Тоа се одвиваше во фази и беше многу смешно.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Првата британска мисија при ВШ на НОВ и ПОЈ била испратена по директна наредба на британскиот командант за Средниот Исток (27-28 мај 1943 година) во моментот кога војната во Средоземјето била во фаза кога сојузниците се подготвувале да преземат офанзива.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Првата британска мисија при ВШ на НОВ и ПОЈ била испратена по директна наредба на британскиот командант за Средниот Исток (27-28 мај 1943 година), во моментот кога војната во Средоземјето било во фаза кога сојузниците се подготвувале да преземат офанзива.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Neue Slowenische Kunst - како уметност- слика- и- прилика на Државата - ја обновува траумата на авангардните движења така што се идентификува со неа во фазата на асимилација во системите на тоталитарните држави.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Меѓутоа, она што укажува на аномалија кај нас е фактот што количините на фелерични производи достигнуваат до 30%, па дури и повеќе, од вкупното производство на одредени претпријатија кои беа или уште се во фаза на трансформација.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ние сме во фаза на проучувањето на битното прашање на балканските јазици: дали се вавилонско проклетство или предуслов за среќа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но со текот на времето рускиот јазик ќе се најде во фаза на пурификација.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ленин ова ќе го оправда со ставот дека отстапувањето од граматичките норми во однос на невештото служење со јазикот, се разбира, вклучувајќи ги тука и заемките, е рамно на партиска девијација во животот...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Беше во фаза на премаленост: „Јас кутрата, беспомошната, што секој ја гази без пардон, сум непотребна во овој безмилосен живот“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Можеби тоа е трагедијата. м Дали веќе си во фаза да кажеш: тој и тој и тој се гадови (нешто слично ко Милчо што кажа), или сепак проблемот на нашата македонска култура е многу многу подлабок и подолгорочен?
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ниту некој ми понудил да ме купи, ниту пак некој се заинтересирал. okno.mk | Margina #15-16 [1995] 71
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Пред тебе не е Ема полицајката. Пред тебе е само гласот на жената што ја измами,“ ми зборуваше тивко но отсечно, со зборови кои ме удираа в чело и јас крвавев седнат на подот во аголот на големата соба.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тоа си ти во фаза на исчезнување.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Х.Х., кој како да чита мисли ми вели дека постоеле проекти врз големи платформи, како за вадење нафта од морското дно, да се постават специјални бункери, ама засега тоа е во фаза на проучување и собирање потребни средства.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во последниов проект (Маклабас - сѐ уште во фаза на развој) мислам дека се здружија скоро сите андерграунд потенцијали на овој град, но исто така добивме и огромна помош од нашите луѓе во странство (Поп Дучев од Шведска Жанета Вангели од Германија, Митко Панов, Тони Аџиниколов и Милчо Манчевски од Њујорк, David DeHelly од Токио...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
ronald leing СОПСТВЕНОТО И ЛАЖНОТО ЈАС КАЈ ШИЗОФРЕНИКОТ Сега ќе се обидеме да ги поткрепиме своите зборови со избрани описи на шизофренијата што ги даде еден американски пациент во фазата на закрепнување.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Овде ги затекнале Словените кои биле обединети во сојуз на “Седумте племиња” и биле во фаза на формирање на своја држава.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
И кажал дека ќе биде по­доб­ро да го игра Гоѕила во некој хорор, а Драгојла тоа така ја обесхраб­рува.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сега е во фаза на размислување и секој момент го очекувам нејзиниот одговор.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сè уште не можам да кажам нешто поодредено, бидејќи моите пријатели и јас сме уште во фазата на планирање.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Состојбата на садовите во кујната е во фаза на стабилизирање.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Му рекоа дека се во фаза на организационо зајакнување и исклучиво не се во состојба да ги исполнат барањата на еколошките друштва, а за училишните секции - младите екологисти - е тоаби било во некоја далечна иднина.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Можеме, а тоа е веќе во фаза на реализација, да ја затвориме депонијата Вардариште.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Вие сте популација во фаза на растење, а растењето бара здрава средина!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
За нас, електричната енергија, во фаза на изградбата на земјата, е света, пресвета.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)