во (предл.) - фармерки (имн.)

Една девојка, во фармерки и црна ролка, со цигара егзистенциалистички насадена на работ од усните, одеднаш се препозна како трча меѓу алиети со домати, низ градината од фотографијата.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во фармерките и кошулата што најчесто ги носеше Рада, сличноста не ја забележуваше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А заклучокот е дека и во фармерките и тексас јакната сте исто толку убава како онаа вечер, за која ви реков дека ќе бидете избрана за кралица на убавината.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Стегната во фармерки и кратка тексас јакна беше преполна со живот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во длабочината на ресторанот, на мала тркалезна маса, во придружба на Јурак, млад човек, висок, облечен во фармерки и кафеава кожна јакна, со очигледна загриженост на лицето седеше Илона од Прифатниот центар за странци, а веднаш од десната страна на влезната врата Азра со ракоплескање ја пречекаа шесте жени од Центарот, пред тоа живо расприкажани со Тихомир од Друштвото “Осамени срца”.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во фармерки си!“ ѝ рече. „Со зипер се“, рече Летка.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Дал` постои барем еден сензор во оваа моја изветреана глава за да ми каже каде е?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Комшивката, облечена во фармерки (тесни) и избледена блуза (широка), веднаш, уште пред да појде лифтот, почнува срдечно да му објаснува: Јас, комшија, никога не одам со малиот, туку со овој, големиот лифт.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Значи затоа е постојано во фармерки...
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Френсис Фицџералд, кој во тоа време дојде во Кастро, опиша дека тротоарите се преплавени со „младичи облечени како заедно да пошле на пешачка експедиција“.64 сите во фармерки, фланелски кошули, планинарски чизми и перјани јакни пилотки.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Е, тоа се вика вистинска банда, - се помислив воодушевено, погледнувајќи, не без презир, во моите момчиња кои одеднаш ми се видоа многу нежни, неприлично облечени во фармерки и патики, убаво исчешлани и премногу чисти.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Верувам дека од никаде, ама баш од глувотијата на оваа мирна улица се појави брат ми, рус и висок, во фармерки и кожена винтјага, и непоканет почна да зборува, неконтролирано мавташе со рацете, се закануваше, караше; за пет минути колку што ломотеше сигурен сум дека сѐ ми извади низ нос, па дури и сендвичот што набрзина го имав излапано во гадното шинобусиште.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)