во (предл.) - фарса (имн.)

- Зашто и од таа длабока потсвест ќе знам дека на тој начин ќе се лизнам од трагедија во комедија, или подобро од драма во фарса.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Го гледав Х.Х. и размислував за бедната улога во фарсата која не престануваше.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Како што секоја трагедија се претвора во фарса, така и сите бивши југо-симболи се претворија во својата спротивност: Титовата штафета (симболот на братството и единството) во братоубиствена палка, пушка или нож - оружје со кое претставниците на југо-народот се требат еден со друг.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Приспособи се, божем имаш улога во фарсата! А да не мислиш дека нам не ни е здодевно и постојано ни е до смеење?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)