во (предл.) - федерација (имн.)

Тој сметал дека при анализите требало да се има предвид огромното проруско чувство на Балканот, кое било инспирирано од отпорот на народот на Русија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тие сакаат да бидат во федерација на слободна заедница на балканските народи“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
272 Како прв чекор во остварувањето на таа идеја бил потпишаниот договор за унија помеѓу Југословенската и Грчката влада во емиграција во 1942-та, како база за поширока балканска федерација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
260 Големиот број информации кои пристигнувале во Форин офис од британскиот амбасадор во СССР и од политичкиот претставник во Софија укажувале на преземените активности во Југославија и во Бугарија, Балканот да им се препушти на балканските народи, да се напушти меѓународното ривалство на Балканот и да се отстрани мешањето на големите сили во работите на Балканот и укажувањата дека Бугарија е на пат да влезе во федерација со Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Беше тоа сложена позиција за дипломатот кој некогаш бранеше една а сега друга реалност? Беше тоа помалку невозможна мисија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Поранешните дипломати на Југославија, кои во федерацијата според паритет ги претставуваа шесте републики и двете автономни покраини, го напуштаа предвреме бродот со изгубениот кормилар за да најдат спас во првиот пристан.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се плашеа исто така во Федерацијата со судењето на Чанга да не се „интернационализира” проблемот на козите од јужната република.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во Федерацијата, како никогаш, беа вистински вознемирени.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во Федерацијата, најпосле, можеа да здивнат. Во јужната република беше решено најзначајното стратешко прашање на развојот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во Федерацијата се правеа разни биланси, се укажуваше на уште многу работи и несреќи од кои се ослободивме прекинувајќи со Сталина.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Беше готово да се усвои идејата на сите нивоа во градот и во Републиката, но не ги издржа критиките на партискиот врв и власта во Федерацијата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Реши, по многу разговори со татко ми и со другите угледни козари во градот, да оди во Федерацијата, кај централните власти на земјата, да разговара, ако треба со главниот стратег за козјото прашање, сонуваше и дури да го посети Водачот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Потем, продолжи во нов тон: - Другари, оценето е на највисоко ниво, дури и во Федерацијата, а во консултации со заедницата на братските социјалистички земји, кои се приоритетните стратегиски пунктови во забрзаниот развој на нашата Република.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Поради братовото влијание, кој беше на високи позиции во здравството во Републиката и во Федерацијата, прво како министер, а потоа и претседател на Собранието на Македонија, од неговите колеги беше формиран и посебен медицински конзилиум кој требаше да направи сѐ Мајка да се спаси.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)