во (предл.) - функција (имн.)

Во ликвидационата маса на водостопанството над кое се води постапка за ликвидација не влегуваат инфраструктурните системи и придружните објекти кои се во функција на вршењето на дејноста определена со овој закон (чл. 115, ЗВ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во установите, со оглед на сложеноста и обемот на работите во функција на извршувањето на санкциите, се организираат секто- ри за ресоцијализација, обезбедување, стопанско-инструкторски, здравствен и извршно-управен и финансиски сектор (чл. 27, ст.1 од ЗИС).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
КП установи, според степенот на обезбедувањето, степенот на ограничувањето на слободата и видовите на третман 78 што се применуваат спрема осудените лица – можат да бидат: уста- нови од затворен, полуотворен и отворен вид (чл. 20, ст.1 од ЗИС).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По предлогот за спроведување на ликви- дација, судот е должен да донесе решение за отворање на постапка за ликвидација – во рок од осум дена по приемот на предлогот, без одржување јавна расправа (чл. 113, ЗВ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Живеејќи отсекогаш во блискост со големите француски писатели чии дела ќе им ги открива на своите студенти во Скопје, пред да стане амбасадор на својата земја во Париз, Старова ќе ја наследи и традицијата на убавото пишување: настојчивост и строгост во функција на смислата од каде што ќе се роди, како искра меѓу два силекса светлината...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Затоа делата на мејл-уметниците треба да се разгледуваат во функција на размената и интеракцијата, на поврзувањето на луѓето, а не исклучиво од позициите на традиционалната естетика.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тие двајцата беа изненадени од сложената стуктура на солунското еврејство во кое се чувствуваа повеќе, напати силно судрени идеолошки струи кои, велеше Цви, требаше да се скротат и да се стават во функција на единствениот интерес на заедницата...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тогаш Цви доби писмена поддршка од сите еврејски групации.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тој е дефиниран во функцијата „добродетел за народот“.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Така што елипсоидните дребулии не да имаат врска, туку се во функција на клинови; дури: едни од помускулестите каријатиди (тие „колофони на сомнежот”, можеби самите маргини?!) што ја придржуваат ледената плоча, покрај, се разбира, четирите желки, слоновите и Атлас.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тоа не значи дека сите позначајни датуми од повеќевековната историја на нашиот град нема да ги сретнеме низ страниците на оваа книга, туку дека тие, ако ги има, тогаш се во функција на книжевно - уметничката вистина и ги задоволуваат основните критериуми на книжевниот облик - расказот. 48 okno.mk Поместените автори во изборот Скопски раскази не � припаѓаат на иста книжевна генерација, ниту пак, се со иста книжевна оријентација.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Таа блага еротска нијанса му дава еден сосема особен шарм на расказот, кој сепак внатре својата одмерена лиричност не ја достигнува острата морничавост (во функција на некаков си драматуршки придвижувач) на Набоков, на пример, од романот “Ада”.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Неговиот разговор со книгите беше потрага по нивниот нов распоред, секогаш во функција на настаните што се навестуваа.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Историјата му беше во функција на писателското творештво.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Кога веќе говориме за тоа, objet dard е dildo (вибратор), кој делото го претвора во игра со зборови со многу димензии и многу забавно тврдење или објект во функција на уметноста.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во ефектите при долготрајна и константна употреба, посебно кога станува збор за големи количества, се јавува зависност, пореметувања во функциите на стомакот и црниот дроб, како и оштетувања на мозокот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ова најмногу се гледа во чл. 3 од Законот за изменување и дополнување на ЗИТ каде се предвидува дека инспекторатот во функција на вршење на инспекциски надзор може да соработува и користи податоци од евиденцијата на други органи и институции.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Според Уставниот суд, ваквата обврска уставното начело на владеењето на правото и правната сигурност на граѓаните на Република Македонија, бидејќи таквата обврска не е во функција на обезбедување поголема социјална сигурност во сферата на социјалната заштита, а во таа смисла и на начелото на солидарност.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Во полутемните простори на музејот, во кои е заробена светлината и ставена во функција на паролите кои го слават атеизмот, ја напаѓаат религијата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Кој е тој засекогаш заштитен аноним, кој за себе вели „јас“, а потоа тоа „јас“ служи како кафез, како затвор во кој тој некој, автор на текстот, заробува илјадници различни „јас“ и ги става во функција на своите цели?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Внатрешноста треба да биде подготвена да се стави во функција на прием на сето она со што располага, за да се спои со појавите, што доаѓаат од надворешниот свет.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
На таквите запаленковци, доволно ќе им биде да се сретнат на пешачки премин додека е во функција зелениот сигнал на семафорот и да си подадат рака во знак на разбирање.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ги ставивме мобилните во функција и контактот беше воспоставен.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Љубовта тој вечен закон за дејство на сите сетилни органи и чувства... го доведува молкот во функција.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Кружна маса заедно со столчињата, иако мовосана, сѐ уште беше во функција, но одамна некористена.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сите книги како да беа останати со недооткриени значења во функција на неговиот незавршен ракопис за Историјата на Балканот низ падовите на империите, најголемиот предизвик да трагам по неговото време и неостварените илузии.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ги носеше и ги читаше светите книги Библијата, Коранот и Талмудот, верувајќи во нивната моќ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во тие мигови, додека ја напуштав, салата- предавална на касарната на присет ми дојдоа, како утеха, стиховите на Вињи сал тишината е голема, сѐ друго е слабост!, додека во далечината се слушаше пукот на оружјето во функција на вообичените вежби Да бев вистински храбар, како што се истакнувавме сите војници на државата која се одржуваше врз разнишаните темели на лажната величина, ќе се спротивставев, како во годините на бујната младост, искажувајќи ја тезата што внатрешно ја дополнував, а немав храброст да ја изговорам дека, според сите можни хипотези секоја војна не може да биде ништо друга освен грешка.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нејзиниот однос кон историјата беше во функција на спасувањето на својата рожба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој најпосле, по двоумење и потрага по типичните поими, му го претстави својот избор на Камилски: гурбет, сургун, гајрет, тапија, ќерпич и чауш.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во арапското писмо, создадено за да ги означи гласовите на јазикот во кој самогласките постојат само во функција на смислата на зборот, не му служеше никако на турскиот во кој самогласките се, како во европските јазици, внатрешните елементи на зборот кој има сопствена егзистенција како и функцијата на согласките.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
XLIX Без претходно да се договорат за тоа, Татко и Камилски продолжија да избираат зборови во функција на прикажување на тоталитетот на историскиот процес на Балканот, свесни дека тоа можело малку да го сторат пристрасните историографии, парцијалните и недостапни архиви, нецелосните институции, силата на заборавот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Пишувањето на турски јазик со помош на арапски знаци беше апсурдно колку и пишувањето на француски јазик со хебрејски знаци!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И така Татко во новата серија турцизми (гурбет, сургун, гајрет, гајле и беља), предност му даде на зборот гурбет, со потекло од турскиот збор kurbet (а тој од арапскиот збор gurbgurbet), присутен речиси во сите балкански јазици со ист корен, а со мали модификации, со широка гама значења: живот и талкање по туѓина, заминување во на печалба, осамен живот во туѓина, егзил...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И новите пет избрани турцизми беа во функција на неговиот поширок проект, како продолжение на претходните.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко на крајот се сложи со идејата на Климент Камилски, но сега преостануваше да се прецизираат конкретните области на балканските јазици врз кои ќе работат и на кои ќе ги насочат заклучоците во функција на потрагата по изнаоѓање на спасоносни идеи за иднината на нивните чеда и потомците на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Протестот беше организиран од некој Форум за демократски промени, неформална група со помпезно име , составена од дваесетина брадосани млади луѓе во излижани фармерки и по некое женско чедо, веројатно дојдени во функција на девојки на епско - демократските фигури кои што го организираа овој прогресивен хепенинг.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Овие епизоди се ставени во функција на дополна на ликовите на Татко­то и Мајката, протагонистите на романот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Знаените и незнаените јазици, кажувани или задржувани во нејзината потсвест, и тие беа во функција на спасувањето на чедата и на семејството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сега Мајка требаше да ја дополни вистината на своја­та книга–метафора, на својот каталог Ла Ринашенте, со која ја одржуваше рамнотежата со сите Таткови книги, собирани, распоредувани и читани во функција на страте­гијата на спасот на семејството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тие мудри и добро срочени мисли се поставени во функција на бликотни осветлувања на ликовите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сето тоа пак, беше во функција на задоволување на „нагонот” да ја појми сопствената креа­тивност, т. н. (од него са­ми­от) „un mystere totale”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Пјер Бонар (Pierre Bonard) и Морис Денис (Maurice Denis), на пример, ја издвоија неспретноста при детското цртање, да ја користат во функција на послободна експресија.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Кај повеќето од водечките уметници на овој век, излезе на виделина широкиот интерес за детската уметност.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Кај Михаил Ларионив постоеше наклонетост кон детската уметност, но само како еден дел од неговиот поширок интерес за природни, примитивни, често вродени извори на инспирација, вид­ливи кај руската фолклорна уметност, сликарите аматери или таканаречени „лубок” цртежи (популарен вид на анонимни, најчесто посветени на нешто, насликани блокови од дрво).
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тоа е последица на наметната вештачки и артифициелни митологии родени од профитабилна лакомост и во функција на ништо.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Комунистите, сакајќи општеството да го направат поправедно, идеологијата ја поставија за капетан и кормилар, на местото на Профитот, а пролетаријатот во функција на движечка сила.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Дали сепак, се прашувам, дали сепак тоа не е во функција на оправдување на човековата глупост конечно на штета на човековата околина, без која тој како да не може да живее?“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Меѓутоа, неговата визија беше во функција на настаните значајни за спокојот на семејството низ основното прашање: да се остане или да продолжи преселбата?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во неговата најнова книга, најпарадигматични во тој поглед се расказите „Утрото во ‘Ексцелзиор’“, „За малечките сложувалки“ и „Мравки“; во првиот, раскажувањето е во функција на самото сиже, вториот расказ е автопоетички (се работи за поетика на обичното, секојдневното, миговното), а третиот ги проникнува и поетиката на авторот и конкретното вообликување на сижето, нешто како созвучје меѓу теоријата и креацијата (со конкретна демонстрација на творечкиот чин, кој се раѓа од сосема случајно слушнат разговор).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
2. Борхесов шинел Творечката постапка на Александар Прокопиев веќе повеќекратно е доведувана во врска со „александризмот“ или, метафорички кажано, со синтагмата „Борхесов шинел“, во смисла на постмодернистичкиот манир од борхесовски тип, чија поетика подразбира: ерудиција, фрагментираност, колажна техника, алинеарна нарација, полифонија, интертекстуални игри, реторички стратегии на писмото...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Навидум лежарина, игрива, спонтана и крајно едноставна, но интимна и лирска топла, на моменти драматична и грчевита, наративната постапка на Прокопиев во оваа книга (повеќе од кога и да е порано) е во функција на полнотата на животот, „овде“ и „сега“, „секаде“ и „секогаш“.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
3. Градови Она што му дава препознатлив белег на творечкиот профил на Александар Прокопиев во целокупниот негов раскажувачки опус, тоа е своевидната опседнатост и безрезервната приврзаност за урбаниот сензибилитет.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Кај Кејџ отсекогаш постоела нагласена одбивност кон сето душевно наметливо, кон сите субјективни преломи на стварноста што ја извртуваат нејзината изворност и ја ставаат во функција на нарцизмот и приватната патологија на оној кој го произведува делото и на оној кој го прима.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Сѐ во функција на ублажување на цитатотоксичноста на текстот на Тони Маркс кој со своите циркуларно-огледални мистификации ни отвара местоколожба за поинакво доживување на себе и на другите. *Денешната „Бамбочада” (за разлика од првите два броја) ја подготви Симул Акрум, и тоа прилично оригинално во репродукцијата, впрочем како што му налага и името. okno.mk | Margina #3 [1994] 63
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)