во (предл.) - футрола (имн.)

Пиштолот го врати во футролата и за да не заборави пак му рече: - Като куче бесно ќе те стреља!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Имаше притоа Мехмед паша постојано при себе и еден стар ферман со султански оловен печат стасан до дедо му, славниот Исхак-бег, кога овој стана заповедник на Скопје: ферманот беше пишуван со рака и зелено мастило, а дојде во футрола од ѓон, со сребрени скопци, и залепена со восок: не само што постојано го препрочитуваше тој ферман, туку и го учеше на памет.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ама овојпат, иако тој не го забораваше оној стар ферман, со оловен печат, дојден од султанот до дедо му славниот Исхак-бег кога овој стана заповедник на Скопје, пишуван со рака и во футрола од ѓон, а во кој султанот умно ги опоменуваше своите намесници да не се перчат многу и да не се подаваат на суетата, зашто да бидеш господар на еден народ е исто што и да седиш на терезија со два таса, тој сепак не ја менуваше одлуката: првин затоа што потурчувањето на ибн Пајко ќе одекнеше силно меѓу колебливата раја, а второ, затоа што и самиот султан, покрај сите совети, даваше и уште еден, кој сега многу му одговараше на Мехмед-паша: „Својата сабја сепак секогаш држи ја остра!“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Не, Ханс, тој е пијан.“ „О, он етна свиња“, добродушно се насмеа Германецот враќајќи го револверот во футролата но тој полека од мракот го сврте своето оружје кон него и чу, и виде.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
МЕШАЕВ ВТОРИ: (ставајќи го лорнетот пак во футролата.) Тешко ми е. Непријатно.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
- Доста беше, - го прибра дедо ми пиштолот во футролата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
ЛУКОВ: (Се јавува дури сега. Револверот му е веќе во футролата, а тој влегува со вид како тогаш да се разбудил.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
А командирот Леко, бидејќи беше мераклија за пиштол а го немаше, некој му направил дрвен пиштол, рачката на пиштолот беше цела изнашарана и бојадисана како вистински пиштол.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Го носеше во футрола и не го даваше на никој.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)