во (предл.) - хор (имн.)

- Здраво! Како си? –Сите насмеани како во хор, ме гушнаа во знак на поздрав.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тој сигурно се крие во утробата на Калето... – Со козите? – го прекинавме во хор. – Со козите!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Зад воланот седеше голобрадо момче, кое возеше три млади девојки и сите како во хор, на наш јазик ме запрашаа да не ми треба некаква услуга?
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Милиони во хор го величаат поединецот во себе. Нудат секому услуги.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ручек... Старицата се сепнува. Скоро ќе си дојде и синот. Само што не дошол...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Пак во хор се јавуваат мајките...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А желката Поповиќ влегуваше бурно како војник во училницата, киваше и бараше во хор да ги повторуваме последните зборови на убиениот крал: - Чувајте ми ја Југославија!
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
„Зошто не ги пуштите дома оние кои сакаат да си одат?,“ го праша Клара доктор Гете едно попладне во просторијата во која плетевме.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тогаш низ просторијата како во хор се разлеваа гласовите кои молеа да заминат од Гнездо: меѓу ѕидовите одекнуваше композиција за човечки гласови со молби, со жалби, со уверувања; се мешаа десетици гласови во таа композиција во која се испреплетуваа различни ритми, тоналитети, брзини, а помеѓу разговетните зборови одекнуваа и нејасни мрморења и врисоци, и чудесни звуци од штракањето на забите, од брмчењето со усните, од повторувањето еден глас, од имитирањето на звуци какви што можат само во некаков сон или некаков кошмар да бидат чуени, па некаде отаде зборовите се чувствуваше судбината на оние кои зборуваа, кои офнуваа, кои брмчеа, кои штракаа, кои мрмореа и врескаа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Не, не, му велат сите во хор, само ти запали си...
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Киевјаните ги обожуваат расказите за Москва, но не му советувам на ниеден московјанин да раскажува било што.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Зашто, штом само го пречекорите прагот и излезете надвор, тие во хор ќе ве прогласат за лажго. Заради вашата најчиста вистина.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Се влечкаа нозе по подот, завревија во хор возбудени гласови, засолнет зад розикавата завеса на клепките, Арсо претчувствуваше дека веќе дошол редот на претседателот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Можеби пее во хор, и таму има баритони.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Откако во хор сите ќе се заколневме на лојалност кон социјалистичките идеали, станувавме пионери.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Зад судиската маса стојат калуѓерки, ако се навистина тоа, и во хор ги повторуваат зборовите на обвинението.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Во соколааната на игранка. - во хор ѝ одговорија Роска и Рада. - На игранка! Опааа... - се возбуди Душка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Рачунајте на нас“, заедно со Ѓорѓе Балашевиќ ја пееја речиси сите во хор.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Почнавме полека да насетуваме дека изградбата на Ајфеловата кула никогаш нема да биде завршена и сфативме зошто инженерот бараше од нас да направиме џиновски постамент, оние четири киклопски железни шепи кои, оддалеку, изгледаа сосема несразмерни.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во тие гнезда спиевме, јадевме и, навечер, игравме карти, кога не пеевме во хор за илузиите и за победите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Вчера се присетив и на една песна која ја пеев во хор на училиште.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Гласовите се престорија во хор во кој водечки алт го врескаше моето име – тоа гласот од шалтерот упорно ја истураше својата еднолична содржина.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Петтиот - не, не, не... Шестиот, седмиот, осмиот, осумнаесеттиот, сите - не, одговаравме во хор.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Зад судската маса стојат калуѓерки, ако се навистина тоа, и во хор ги повторуваат зборовите на обвинението.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во предавалната сите почнаа во хор да ги повторуваат зборовите: „Кај нас секој секого ебава!“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ете каков дома ќе праќам. Сакате нели? – Дома кај мајка сакаме... – пак писна оној, повозрасниот. – Кај мајка-а-а... – прифатија другите во хор. – И мајки ќе најдит вам царот, и мајки. He плачите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
„Па, Змејовиот брег, се разбира“, запеаја сите во хор. Се загледа во нив.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Децата зборуваа гласно и сите во хор, така што никој ништо не разбираше.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
- Така е, така е. – испеаја како во хор – овој е оној од лани!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Така се зарече – додека си жив – благодатите што ти ги истура животот, односно Добре, најдобриот човек на светот, да им ги подаруваш на други! – одговорија елените во хор.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Со тртка на носот... – се кикотат играчките во хор. - .... со тртка на носот, накаде да одиме за да не се загубиме?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
„Леле, кога во хор ја пеевме песната за Вардар, си ја замислував таа убавина: од Вруток бистри пенливи води, а гледај, тато, колку нечесно постапиле скопјаните спрема најголемата македонска река.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Тие тогај застануваат пред тебе и во хор ти одговараат: - Потоп? Нека биде!
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
БОРИС: Не се разбираме. МАТЕЈ: Не. (Пауза) БОРИС: Алал вера. (Пауза) Мене цел живот ми помина како да сум во хор што пее некоја важна хорска песна.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Во слободно време секој ден нешто подготвувавме, учествуваше хорот, правевме скечеви, вршевме проби и во градовите организиравме забави.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Во хорот ги пеевме најмногу химните, српската, нашата македонска, руската и албанската, ја пеевме и Марсељезата, и други партизански песни.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Јас прва ќе почнев, потоа сите во хорот пееја: На Врбница за Воскресение.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Јас убаво пеев во хорот, а таа веројатно мислеше дека не сум толку болна.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)