во (предл.) - цевка (имн.)

Или да погледнете низ цевката или пак - тој го исправи малиот прст и, пикајќи го полека во цевката, доврши - со овој прст...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ја стегна под мишка, штркна со затворачот втерувајќи фишек во цевката спокојно рече: - Ќе бројам до три!
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Се слуша во цевките гласот на ветрот Ние пак, сме слаби и тивки.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Без испуштањето на тој воздух, кој се компримира во цевката доколку во некој момент во неа не течела вода и сега наеднаш е пуштена, водата не може да пробие надолу по главните цевки.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сум изумил дека бев набил туфек во цевката.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„... Потоа отидов во котларницата каде што ја имав скриено пушката, ја наполнив, ставив фишек во цевката и со пушката откочена, на готовс, тргнав кон канцеларијата на директорот со пушката пак во најлонската вреќа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Непробојна и тешка, таа лежи врз смранатите стреи и сее дожд и страв но не грми и не убива со громови туку е молчалив злсоторник; нејзината закана е во нејзиното влажно молчење а црните капки на нејзината тишина се во цевките на патролите и на врвовите на невидливите војнички штикови и во се што не е видливо и сепак е присутно во и вон од него, и не затоа што е пијан, и не заради присустното отсуство на двете Марии, заради нешто друго, заради едно враќање кон незаборавниот скалпел, кон животот!
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
По половина час пушката веќе не беше тајна за него, па зеде еден патрон, излезе пред колибата, го стави во цевката, го врати затворачот, ја крена цевката в небо и го притисна чкрапалото.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Мече весело стана, го погледа со гордост своето дело и наеднаш му текна да го испроба: од долниот отвор му сипа вода до половина, по тоа го стави чамовото дрвце во цевката, го притисна силно и тенка, остра струјка вода блисна далеку нагоре.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Требаше да има барем уште едно зрно во цевката од својата пушка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Цанул се штрекна, му се згрутчи здивот и започна пополека да се повлекува гледајќи во цевката од пушката што зјапеше во него.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во цевката за мокрење вовлекувам бодликава жица и полека ја вртам обидувајќи се да го исечам нервот. (Брус цитиран кај Klocker 1989:118)
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Со жилет ја разрежувам аортата. Во увото забивам голема шајка. Главата во должина ја сечам на два дела.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ме интересира како сега гледате на животот, што пишувате сега. Одвај стигнав до вас. Од цевка, во цевка како низ саќи, плус избенување стражи.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
ГАВРИЛ: Во цевка од пушка се става жива змија, се пече шест саати, да стане пепел, се става врз раната. Знамето браќа, знамето.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Состанокот беше договорен во „Дром“ во 23.00, но во цевката се возев три станици повеќе а потоа пешачев назад. Непогрешлива процедура.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)