во (предл.) - црнина (имн.)

Го редеше Атанас сиот сој Дамчески, од кој, откако се знае во Потковицата за Дамческите, толкумина паднаа за жална Македонија; го редеше Атанас татка си свој, Ѓорета Дамчески, кој, одејќи по патиштата на дедовците и стриковците, и по патиштата на татка си Блажета Дамчески, уште, од младешки години окапа по затвори, за истата таа Македонија, а таа, кога се ослободи и кога тој им беше најпотребен на децата, на жената и на имотот, го затвори; ја редеше Атанас мајка си Илинка Дамческа, на која, при жив маж, ѝ помина животот како на вдовица, во црнина, ги редеше Атанас браќата свои, кои при жив татко беа небаре сираци, потурнати, а кога зеде да ги реди сестрите, Милица и Милјана, е, тогаш - на сите кои го слушаа им препукнаа срцата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Мажите рекоа Тпвуу, `бати животот и со голите петици ги нагнетија плуканиците во земјата, а жените и чупите, ги симнаа шамиите, ги распуштија косите и зедоа и тие да редат заедно со Атанаса, зашто тоа што се случи со чупите Ѓореви, со Милица и Милјана, е најжалосното нешто што може да му се случи на родител, на брат, на ближен.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На постела таа го стави мртовецот, каде жена, во црнина цела, рамнодушно чекаше.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
- А ти, сестро, да не си ѝ мајка на чупата? – праша пониската, цела во црнина. - Мајка ми е - се одгласи Циљка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Два месеца подоцна ја сретнав жената на Здравко облечена во црнина. Идеше на гробишта.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Да не се откажев од цигарите, ќе запалев цигара и ќе останев на плажа додека не согореше, онака како што прават луѓето во црнина кога ќе отидат на гроб на некој близок роднина.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Помеѓу разведен и вдовец, подобар избор е вториов, зашто тој сѐ уште ја мрази жена му повеќе од сѐ, па секако ти ќе бидеш подобар избор; а овој во црнина, тргнувајќи од тоа дека за покојникот се зборува само најдобро, ги заборавил сите кавги со својата покојна и, идеализирајќи ја, ја кренал на ниво на безгрешна, па ако него го избереш, секогаш ќе те споредуваат со идеален партнер.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Не случајно најделотворниот јавен израз на геј-оплакувањето на поколенијата што ѝ подлегнале на сидата, килтот од проектот ИМИЊА, имаше облик на едноставен, скромен артефакт и на женствена (односно, обезвреднета) културна ракотворба карактеристична за селанската работничка класа: американски соодветник на селанскиот сталеж на кој му припаѓаат италијанските вдовици во црнина.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Искован, исткаен и скроен од вековите поминати во црнина, го разјадувале црнила.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Откако одвај се дотурка до дома, и откако се виде со жената - смалена, остарена, преполовена и од глава до петици во црнина - истиот час ја растовари колата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И дење и ноќе се почесто стигнуваа и се престасуваа тревожните, лошите, несаканите вести, камбаните биеја на умрено и се повеќе мајки се завиткуваа во црнина.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тука жените во црнина и мажите во одминати години, чемрееја...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Цела е во црнина, лицето цврсто, сал очите ја зрачат познатата енергична добрина и тивка моќ, темелот на нашата истрајба во долгиот балкански егзил.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)