во (предл.) - цут (имн.)

Во право си, децата одземени од христијанските родители, во цутот на животот, со нова душа требаше да ја бранат Империјата, а често да бидат и жестоки непријатели на својот род.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
XLIV Татко не можеше ниту во најоптимистичките варијанти да поверува дека трагањето по османотурцизмите со веќе изветвена конотација, посебно заемката кадија, со сите изведенки толку силно ќе го разбрануваат неговото сеќавање на минатото, одамна заклучено длабоко во себеси и што беше најнеобично првите зборови кои започна да ги разгледува најсилно го осветлуваа и го будеа неговото цариградско време збиднато меѓу 1919 и 1914 година, токму во цутот на неговата младост.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
О, ангелче со скршено крило, љубовен звук, згазен во цут!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во полукруг пред поканетите наредени се девојки со долги бели копринети облеки облечени на голо, боси, со косите распуштени, со рацете раширени и сите во цутот на првата младост.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Убаво потстори во бавчата, копна, потпосади и подизрежа, ами зошто не ја искористи сета трева, ќе ја продадеше, да ги прснеше јаболката во цутот. И черешните беа втур цут.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Овде-онде се белееја сливите во цут, но најголемиот број сливарници и овоштарници беа под вода.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Залудна е надежта на птиците за дом на билбордите и залудно е моето липање по липата во цут На улиците протестира бесната толпа: Уапсете ја убавината! Уапсете ја убавината! * Запис со непознато потекло
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ми ги украде годините во цутот на младоста...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Таму во опојниот мирис на занесот во расплетот на врбите, во цутот на црвениот јоргован, крај река без престан што тече, плач...солзата умира тркалајќи се...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Романи: „Хајка на пеперутки“, „Слана во цутот на бадемите“, „Земја и тогоба“, „Сведоци“, “Орловата долина“, „Будалетинки“, „Крлежи“, „Продавницата за љубопитните“.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Таа немаше уште свои деца. Беше во цутот на младоста.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се наоѓаа на крстопатот на своите спомени, во балканските времиња збиднати во далечната 1917 година, кога Татко, на прагот од младоста, ја започнуваше својата долга линија во егзилот, својата отоманска и турска врска, а Мајка, во цутот на детството, ја започнуваше својата „грчка врска“, во Солун.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)