во (предл.) - чардак (имн.)

Откако сѐ извадија од ковчезите и купија од дуќаните уште дарови не само за зетот и за неговите роднини, туку и за сите што беа поканети на стројот, и се послаа простирките и по должината на целиот двор, пред лицето на куќата, од каде што ќе доаѓаат гостите, таткото нареди да се запалат фенерите на улицата и ламбите во одаите во чардаците, макар што не беше стемнето и се гледаше добро од дневната светлина...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Мајка во чардакот ја беше подготвила празничната софра, со убаво, вкусно, разнобојно мезе и бокалчето ракија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко повторно изврши мала реформа во својата библиотека собирајќи ги книгите за јазиците, речниците, енциклопедиите на едно место во делот на библиотеката во чардакот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Гледаме карши во чардакот на комшиката Џун, скриена под ниската настрешница, којашто ѝ го покрива торзото до деветто колено.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Кога стапи во чардакот четвртиот играч, Татко ги остави картите, го поздрави, им го претстави на двајцата други играчи и на крајот му го покажа местото.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Здивот на реката навлегуваше во чардакот, во него, ги раздвижи и неговите мисли.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во еден момент молкнаа обајцата, кога Мајка влезе во чардакот со подавалникот, бокалчето ракија, двете чашки и вообичаеното мезе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога влегувавме со подавалникот во чардакот, подзастанувавме подолго за да доловиме повеќе од разговорот, но строгиот поглед на Татко си го правеше своето. Ние мигум го напуштавме чардакот...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)