во (предл.) - чеиз (имн.)

И жена му, во чеизот, имаше ковчеже со книги. Немаше многу книги.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Чаршијата ромореше за оваа случка, ама и се мајтапеше со вдовецот аџи Герасим, кому откопаната му ја величаа како ветена втора жена, која во чеизот му носи купче богат накит.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Па, наместо дарение на Свети Ѓорѓија-Горг, како што ја посоветува Тодора попот Никола од Ралин Панта маалото, туку Петре реши да отфикари еден голем чаир од местото на мајстор Јосиф во Булачани, што ѝ го даде на Тодора во чеиз.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Оттогаш, таа си остана во чеизот, за нашата прва невеста, ако даде бог да ја дочекаме!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Настанот со случајно откриените знамиња, во чеиз­ниот ковчег на Мајка, внесе голем немир во веќе смире­ната душа на семејството, привикната на двојноста на егзилот, на мачното, но достоинствено приспособување на новата средина која ги прифати нашите судбини, без пого­ле­ми потреси за нивниот натамошен тек. ***
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Најмногу навикнати на туѓи господари и знамиња, а најмалку на своето, на ста­рото древно знаме уште од војните на Скендербег, во 15 век, тие често го криеја, во чеизот на невестите, во двојни­те дна, под подовите, го соѕидуваа, со надеж дека слободата ќе го развее.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)