во (предл.) - чекање (имн.)

- Збоктисана ми е теренскава работа и патувањево, па чекај три часа таму, па три ваму. Во чекање ми поминува денот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Одвај ако има нешто повозбудливо во нашата народна традиција од тоа кротко, покорно прифаќање на судбината, од простувањето со животот кој помина во чекање, меѓу две трепнувања на трепките: „Се прибра малку Невена, си ја потсобра душата, ја отвори каселата, ја облече невестинската руба, си ги облече невестинските чевличиња, си го стави невестинското венче, си го подзаслони тажното лице со велот, си ги затвори очите, ја свитка прозрачната става, прилегна до ковчегот со даровите и веќе не се крена.“
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Се намести до малата вратничка, се завитка убаво во чергите и целиот се претвори во чекање.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Моите другари понекогаш си играат мајтап со мене, ми велат дека сум чуден бидејќи сè уште немам своја избраничка и дека ќе ми помине младоста во чекање на вистинскиот час.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Знаеш што еднаш им кажав?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Чекање. Беше добро, сета добрина, беше собрана во тоа, во чекањето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ништо не заборави, но сега некако сето друго беше останато далеку зад него во чекањето и чмаењето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Речиси целиот живот ќе му мине во потрага по патот кој води во родната земја, остварувајќи го вистинското враќање само во јазикот!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Неговата Мајка ќе го мине својот живот во чекање на синот во родната Галилеја!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Поминав еден час во чекање. Никој не се појавуваше во салонот. Денот беше прекрасен.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тие пред секои избори ја подновуваа старата еднокатна зграда на началството: темножолто однадвор, светложолто однатре, демек фасадата и канцалариите, бело по таваните и модро по ѕидовите до каде што допираа грбовите на граѓаните во чекањето пред шалтерите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Времето бавно минуваше. Ни се чинеше во чекањето дека и реката побавно тече.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
ЛУКОВ: По ѓаволите, уште цели пет часови. (Пауза.) Понекогаш ми се чини дека сиот живот сум го поминал во чекање на луѓе што задоцнувале со своите пристигања.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)