во (предл.) - чекор (имн.)

Рударите сега веќе ги нема, ама како да ги има нивните сенки кои во чекор ги следат посетителите кои, пак, не знаат со која рака да се крстат пред крстовите од сол во подземната катедрала и пред засолените рани на Исус кога го влечеле на Голгота.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Од романтизмот па сѐ до крајот на нашиот век, оваа временска рамка која ја бара уметникот за да го запише своето дело развиено во чекор со неговата демистификација.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тој истешко стана и нерешително тргна, надевајќи се дека сепак нешто ќе го подзапре, но таа упорно го следеше во чекор и не го остави да се сврти кон неа, барем да бидат лице в лице кога ќ е се збогуваат, и просто го истурка низ вратата пред ја тресне и да ја заклучи.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Како во големите реки, како во Нил, овде постои нешто налик на слободен тек, на еманација на суштествата која се шири зад нивните сопствени граници, во која единството се проширува во чекор.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И тој како ѕидар учествуваше во развојот на овој предел, одејќи во чекор со најновите усовршувања и иновации во трговијата, употребувајќи најнови и различни материјали, менувајќи ги стиловите на куќите, што ги градеше, од стари конвенционални модели до најнови типови на ранчови, и подредените викендички кои сега се протегаа во бескрајни редици на обете страни од сообраќајната артерија.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Мајка му на Димка одеше во чекор со него и невозможно брзо објаснуваше; ги ширеше рацете и се удираше по колковите.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Но, тоа не значи дека не знаеш, оти знаењето не се мери во чекори; ако беше така, оној кој везден чекори и си нема друга работа освен да нѐ става во искушение, ќе беше најумен, асикрит на сите асикрити!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тоа што природата сама го созадава, човекот секогаш треба во чекор да го следи – мудруваше старецот. –Види го темното царство на пролетните мравки!
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Тука свртуваме и назад чекор в чекор се до новоизграденото бетонско моло кое длабоко е вовлечено во морето.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тивко, полека, кроце чекориме, чиниш секој е внесен во чекорите од долгите ноќни маршеви под дожд и снежни виулици и намети.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Звукот на нејзините чекори запре, неговите чекори продолжија.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Слушав како чекори по нас и во тесната уличка, ги слушав нејзините чекори и ударите на стапот на кој се потпираше; гледав во чекорите на Рајнер.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И потоа како да задрема во чекор...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сега јасно ја виде пред себе патеката која дотогаш слепо ја следеше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Низ магловита вечер, во полусон те барам Боса загазувам по улиците – те барам... нозете бесвесно тапкаат погледот се губи во чекорот на минувачите...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Едно одделение од оние борци во англиска, или германска, или италијанска, или измешана од сите униформа, со шмајзери на градите, одело секогаш околу него, едно одделение партизани, штотуку слезени од шумата, по пустите голомразни улици на таа есен, кои во вечерите се исполнуваа со митинзите, баклјадите и демонстрациите, а во другото време оној се шетал низ тие улици и ретко кога излегувал без својата охрана, без тие добри, наивни борци, ослободители, со долги коси одзади, со реденици, оние што се фотографираа сосе шмајзери по црвоточните фотографски работилници, а нивните фотографии мрзнеа по излозите, избоени со мастилави бои, вплетени во некакви срца, или излепени на џепните огледалца, оние сѐ уште со крпени петокраки на капите, што имаа најразлични и најнеобични форми, оние со изрезбарените петокраки на кундаците и со толку решки во дрвото, колку непријатели секој од нив убил, едно одделение такви борци, поредени од сите негови страни, а тој во средината, натегнат и голем, плештест и црвен во вратот, широк и мирен во чекорот, со неколку пиштоли и слични тракатанци, додека луѓето наизлегувале на прозорците и тоа да го видат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Отфрлаше сенка по сенка од сомнежот кој ја следеше во чекор.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Следните денови и покрај својата слабост, драгите гости Јана ги следеше во чекор.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Чинам во чекор ме следат коинциденции, случајности и препознавања.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И двајцата, откако ја дознаа вистината, станаа свесни за нешто што долго како сенка ги следеше во чекор.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Дури по неколку часа Рада во чекор тргна да ја следи жената на која годините ѝ беа оставиле видлива трага.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Ти ветувам, дека ќе те следам во чекор. Токму како што те следам оваа вечер.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Деновите минуваа. Рада во чекор ја следеше Јана. На љубопитните погледи од околината и двете не обрнуваа многу внимание.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Треба и тој постојано да е во чекор со мене.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Двајца сме, за сто души вредиме. Крени ја главата Пупи Паф, и во чекор следи ме.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Трубите на градскиот оркестар се изморија. Уште само барабаните се слушаа. Најпосле и нивното баботење се изгуби.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
При првите тактови, при првите чекори, од трема ли, од возбуда ли од тоа што одамна не играл, Богдан не беше сигурен во чекорите, грешеше.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Застана меѓу нив и појде во чекор со нивните чекори како да беа чело на почеста војничка чета.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Чекор во чекор те барам моја недовршена сказно.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Тој, ми се чини, веќе почна во чекорот да ѝ гледа.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Загледана е во стапалата, во чекорите, да не би да го згреши орото.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Беше пијан но сигурен во чекорите.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ме следи во чекор, тивко со шепите. Како сенка.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Мрзам мачори што не ми даваат да ги галам.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Барем она нејзино: добра ноќ! (А тој, секогаш си замислува дека таа го следи речиси во чекор, па затоа постојано е во очекување да му се јави).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Оној кој е подбркан од судбината, независно од тоа кој пат ќе го искористи за да исчезне, не може да се ослободи од прогонувачот, постојано ќе го чувствува неговиот здив на вратот, дури и тогаш кога тој прогон ќе го прогласи и за проклетство што којзнае како му се присламчило па во чекор го следи, барем така го чувствува лично тој иако знае дека помеѓу него и прогонувачот се протега добар дел од пуста и неосветлена улица.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Напати играа и со нас, ги токмеа невешто своите чекори додека да ги дотокмат со нашите, а потоа наеднаш ќе се впуштеа во вијорот на својата игра што не можеше никој од нас дури ни со поглед да ја следи а камоли да и се придружи во чекорот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
АРСО: Така! Удирај се сам! Те стигнаа клетвите сиромашки! (На свирачите.) Свирете ја сега со мекам, полека... за играње! (Игра старо оро, Поцко го следи во чекор, сѐ пред Теодос, околу него.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
НАЦА: (Доаѓа, застанува зад плотот и зинува, за малку да ја испушти тепсијата, со зелникот.) А, леле мајко, што е ова чудо!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ја газам оваа магла, оваа есенска што лази по грбот мој и `рбетот на градот и што навева студ и сивило во чекорот и што навева спомени на нешто зелено зелено Ја газам оваа сива улица што се проѕева со своите влажни штрбави вилици што гребат и што се бесат за првите пробудени звуци на утрото и што се јазат по кревките и високи скали на смевот
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Политиката на Велика Британија во чекор ја следеле САД.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Живиот синџир од луѓе и добиток, чекор в чекор, нога зад нога, вчекорува во ливадата покриена со пресна роса.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ги следи в чекор и кога доаѓа политичкиот, лае со некакво чудно цвилење.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Четворицата курири кои секогаш во чекор го следеа Маркос и никогаш на отворено не отстапуваа од него, внимателно го слушаа Кикицас: - Ова што ќе ви го речам сега е и молба и најстрога наредба.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Бабата Перса, во чекор следена од Мурџо, пред влезот на дворот се појавуваше минута две пред да завршат часовите.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Игбал одеше пред мене, јас го следев во чекор.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)