во (предл.) - честак (имн.)

Стивенс трчаше по неа, но навлезе во честакот каде што ништо не се гледаше и каде што од неа никаков шум не доаѓаше.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тоа беше постар граѓанин, во службеничка облека и неговата појава можеше да се објасни само со присуството на дрвената билетарница што беше затскриена во честакот од неколку стројно израснати кипариси што во темнината потсетуваа на вистински чувари.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Стивенс стрчна за да ѝ го препречи патот, но таа навлезе во честакот, му се скри од очите шумејќи низ гранките при бегањето.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)