во (предл.) - честар (имн.)

Затоа и ги остави седумте свои другари над чешмичето и си отиде во честарот да ја ублажи својата тага за неуспехот, крај неговото четниче Мише Ќосото.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А Толе го избра за тој ден баш тој кичер над чешмичето и уште пред да дојде онбашијата, тој се намести со другарите во честарот околу чешмичето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Шарко, Мрчо, Караманка, како секогаш, одеа пред овци да проверат да не има некој од волчковци да дебне во честарот, та така и денеска тие први излегоа по пресопта и дедот Јован ги слушна сите три гласа одеднаш кога залааја.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Токму тој ден требаше и најстариот син на дедот Јована, Бојко, да им донесе нешто за јадење и пиење, тутунец, та дури и локумче за тие што не пушеа тутун — Најдо и Брниклијата, — и така Бојко натрапа на потерата, на која и стана сомнителен со донесената храна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Пците навалија, но почнаа да цикаат и да бегаат надолу, очигледно бркани од човек со камења.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тоа не покажа ни знак на колебање, на уплав, или некаква непослушност на неговите наредби.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Да, заборавивив да спомнам: поигрувањето на прстите ме потсети и на она предупредувачко лулање на гранките и одвај чујното шумолење на лисјата но на онаа надворешна редица дрва во честарот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност тоа се оние поединечни гласови и први сигнали за приближување на опасноста.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Да го поминат мостот, да се префрлат на другата страна од езерото, да ја фатат планината, да се скријат во грмушките, во честарот... а авионите долетуваа од кај планината Бела Вода, правеа полукруг и во низок лет пукаа, фрлаа бомби, гранати, оган над рамницата, чад, викотници, лелекања...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)