во (предл.) - четврток (имн.)

Одговор не напиша, ами порача: — Нека дојде во четврток, ќе му кажа нешчо!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Инаку во четврток кој иде на пазар?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Оваа средба се сврши со тоа што ќе се сретнат па во четврток.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во понеделник, во вторник, во среда, во четврток, без пајаците бидејќи сè уште чекав, бидејќи сè уште чекам на оваа клупа на станицата Шемен Вер со ова тефтерче во кое едната рака пишува за да измисли некое време што нема да биде исклучиво овој бескраен виор кој ме разнесува кон саботата, кога можеби сè ќе биде завршено, кога ќе се враќам сам чувствувајќи дека веќе се будат и почнуваат пак да грицкаат барајќи со своите разбеснети клешти нова игра, друга мари-Клод, други Паули, повторување по секој пораз, повторен канцерозен почеток.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Џејмс Вовел беше тој што ме вработи, прво да разнесувам весници и второ како главен и одговорен за следниве активности: да одговарам на телефон, да ги правам подготовките за весникот и да исчукам сѐ што ќе ми соопштат преку телефон и во четврток да го разнесувам весникот, што значеше дека бев трет човек во канцеларијата.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Џејмс Вовел ми даде простор во задниот дел од списанието.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Следниот петок: - Ало? Ангелина овде. Излезе „Таа“. Еве баш сега го гледам твојот прилог.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Немој да доцниш. Во четврток, на пладне, кај мене.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во четврток, точно пет минути пред пладне, го носам текстот во редакцијата, но Таа веќе е замината. Не на Халкидики, туку во Париз.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тоа значи, ако први јануар се паѓа во четврток, тогаш петок се трансформира во неработен ден.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Работните задачи по предметот подразбираат изработка на куси есеи, проекти и задолжителни седмични тричасовни вечерни проекции (или друг вид културни работилници) во четвртоците.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Докторот Татули кога дојде во четвртокот, го прегледа Илка и му даде одново лекови против треска.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Во четвртокот се собраа луѓето во селската амбуланта сместен а во просториите на Месниот фронт за да го пречекаат реонскиот доктор Татули кој доаѓаше од градот и да бараат лек.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)