во (предл.) - чизма (имн.)

Пред него, Темелко, во чизми, кожув и торба полна со леб, сланина и сирење, иташе кон партизаните.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Се собуваа на смени, си ги триеја помодрените стапала со снег и ги сушеа на огнот за барем малку да ги стоплат пред да ги навлечат повторно чизмите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Како и сите други, веќе неколку дена се немаше измиено и пресоблечено и одвреме-навреме од студ не ги чувствуваше нозете спакувани во чизмите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кога се поздравив со мајка ми Како во приказната за мачорот во чизми, наследството го поделивме нееднакво.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Маскирните панталони ги вовлекоа во чизмите.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Јас во чизми.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Миле Аето, како што се викаше необичниот нов роднина на Паца, беше кусо набиено човече, нослест и сипаничав, со криви нозе во чизми до под колена и брич панталони над нив и со капа со тврда сенка какви што за шофермте на лимузините уште се во мода.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
- Оваа чизма ќе биде од денес мој дом, - рече глувчето и влезе во чизмата.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
- Еј, - викна ежот. - Има ли некого внатре? - Има, - му рекоа. - Во чизмата живеат една жаба и едно глувче.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Кога го беше зграпчил за врат, тој со повици ги викнал своите двајца другари, на кои им го препуштил да го држат, а самиот само за миг си ја беше пикнал раката в чизма за оттаму да си го извлече кутичето со тутун, и барем малку да си го освежи својот секогаш измрзнат нос; но тутунот, веројатно, бил од таков вид, каков што не можел да поднесе ни самиот мртовец.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Додека тие ги кренале лактите да се избришат, од мртовецот не останала ни трага, така што тие дури и не знаеле дали тој навистина бил во нивните раце.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И од 1966-та, ја гледаме оваа нова раса, “студентите” кои сакаат да носат тексас и патики.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ги гледаме „униформите“, вооружани, во чизми, со шлемови.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)