во (предл.) - шатор (имн.)

Тој ѝ здодеваше на рајата и бараше млади девојки да му се праќаат во шаторот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но, измина уште еден час и уште еден, а никако да стигне во шаторот гласникот од Тозлун-бег и да јави дека е „чист патот...“
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- И, заедно со Питу и со другите војводи, влегоа во шаторот на штабот. Таму веќе го чекаа писма.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Таму дење го држеа и шоферот, да ги префрлува по расфрланите пунктови на градилиштето со џипот, а ноќе, кога не им требаше, го пуштаа да преспие во шаторот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
При таа помисла, двајцата преостанати во шаторот погледнаа во третиот, инаку првиот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Таму сега, на дрвениот пристан заколчен во водата, се враќаат рибарските чунови со утринскиот улов: крупната риба за резиденцијалната вила и репрезентативните ресторани, а ситната за останатиот народ - спикан во шатори, приколки и селски соби.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Убаво се разбравте, - се смееше Горда во шаторот. - Добро што не ни ја тутна и свеската.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Да одат на бригадирски казан, не што им беше под ниво колку што секогаш кога ќе се делеше храната тие ќе беа некаде на терен, а во најдобар случај можеа да им го оставаат следувањето во шаторот па тие по дневното снимање навечер да си ги најдат порциите залоени како штирак, полазени со црвени мравки и по некој полски глушец.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Така во шаторот главен беше асистентот - снимател, а Геро си ја сфати таа улога како да командува цела бригада - недостигаше уште јарбол пред шаторот и подигање на знамето во став мирно.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ване, не како најтрезен колку како најприсебен, бидејќи повеќе отпиваше отколку што голташе од бинлакот, ги одвлечка полузаспани и полумортуси во шаторот, под уште топлите крила на импрегираното платно, и ги остави да грчат и да се лигават на сувата папрат врз која паѓаа од грутчестите душеци.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Со режисерот се сретна само еднаш, на почетокот, и тоа не кај нив во шаторот туку кај него во штабот, во една голема просторија со долга маса и ѕидови облепени со мапи и графикони.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кога веќе примрак се вратија во шаторот, додека Геро, Евдо и Ване ја растовараа и ја сместуваа опремата, возачот беше наложил оган и ги чистеше рибите како да превртува чорапи.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Инаку, преку денот, кога ќе наидеа на некое побистро вирче, ќе ги проплакнеа спотнатите лица и ќе ги подржеа набабнатите жили на рацете во студената вода; но се плашеа да се напијат од неа, освен да си ги проплакнат сувите усти; не толку заради забраната што ја беше издал штабот како превентива од можни зарази, колку од пусти страв од проста дрскавица што можеше да ги врати со несвршена задача за да се скријат во шаторот посрани и посрамотени.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- И ќе спијат во шатори, - ја следеше својата мисла старецот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се врати во шаторот како да му врти грб.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Набљудуваа како сонцето заоѓа и очекуваа повлекувањето во шаторот да им ја врати возбудата и радоста на престојот во летувалиштето.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Алија наредил да му дојде во шаторот, според една верзија се викала Анѓа, но Ѓурчин ја скрил во своето трло.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во шаторот имаше два душека.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Можеби поради неколкуте соби и, воопшто, големиот простор, за разлика од оној во шаторот, сѐ повеќе го чувствував отсуството на мама.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Така, тој од дете гледаше како црните козји влакна се сучат во долги дебели конци, а потоа конците се ткаат во платна, кои шаторџиите ги шиеја во шатори.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
А јас во студентското, во шатори поврзани со јажиња помеѓу себе, се малтретирав секоја вечер зашто кога ќе се занишаше еден шатор, сакаш не сакаш мораш да фатиш ритам...
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Значи патуваш од Вардар па до Триглав. Летуваш воглавно во шатор. Јадиш чурук манџи и Ева конзерви.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Војниците се растурја во групички, полека се вратија, во шаторот за да го почнат денот онака како што беа навикнати.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Заробениците го испратија Љакета во шаторот и го стегнаа со погледите таму како да го смачкуваат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Влезот во шаторот беше затворен.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
„Ох“, рекла Брунила огнено. „Човек во шатор за логорување.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Блескотот и во шаторите се вовлекуваше и ги лизнуваше нозете на оние извидници кои лежеа или им ги вцрвенуваше лицата.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Го бараа во шаторот, го немаше; го бараа во шумата, го немаше; го бараа кај реката, го немаше.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Токму на влезот од логорот е шаторот на Винко. Во шаторот има еден кревет за него и еден куп слама за своето куче Џеки.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Му мавна со раката и се врати назад во шаторот.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Да го стави во шаторот кој му беше одреден, ќе го откријат.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
По втор пат влезе во шаторот, нанишани внимателно со многу концентрација, но пак промаши.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Во Четирок, во шаторот на командантот на артилериските батерии остро заѕвони телефонот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)