во (предл.) - шинел (имн.)

Лежиме во трапот завиткани во шинелот и ослушкуваме сè што ќе шушне.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Кога бев мала дојде на гости и кога го прашавме што сака да се напие, облечен во шинел од Сремски фронт рече: „Би сакал една бела кафа“.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Петрович излезе по него и, стоејќи на улица, уште долго оддалеку гледаше во шинелот и потоа намерно тргна настрана за откако ќе го заобиколи кривото сокаче, одново да излезе на улицата и уште еднаш да го погледне својот шинел од друга страна, то ест, од предната страна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Политичкиот се загледа во неа и во шинелот, спушти поглед на нејзините нозе обуени во големи и извалкани цокули, а потоа ѝ рече: - Дојди поблизу.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И се вративме по ранетите. На ќебиња, во шинели ги пренесуваме до горе.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кога излегуваме да сечеме дрва за покривање на земјанките и за горење, ни грмнуваат тие со топовите и, место дрва, во шинелите ги носиме нашите ранети.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)