во (предл.) - школо (имн.)

Последната книга што ја има прочитано е онаа што ѝ била задолжителна во школо или на факултет, но затоа „културно” се издигнува преку сапуници и кичерајска музика.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Со доаѓање на пролетта полека се полнеа селските куѓи, најнапред со мали внучиња кои сеуште не одеа во школо па во летните месеци доаѓаа и останатите и тоа беше сосема едно друго село полно со живот.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
- Какво, бре, американско знаме во школо?
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
- А што да ставам кога не ми даваат да носам американско знаме во школо?
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
И тргна: по работа - дома, во бавча, низ куќа, па во школо.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Јас како си поминав! – свикувам и чувствувам дека ми надоаѓа лутина, ама се воздржувам за да не го расипам „дружењето“. – Што имам јас да си поминувам, знаеш како е, во школо, од школо дома, учење, малку телевизија, малку со другарките, легнување, пак станување, па во школо и сѐ така, сѐ исто.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И така секој ден. На училиште – дома, дома учење, па потоа пак на училиште...
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Никогаш не си ме контролирала дали учам и колку сум научила, никогаш не доаѓаш во школо, освен на родителски состаноци, а другите родители постојано „киснат” и се распрашуваат кај наставниците за нивните деца.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Откако се разделивме она мајско утро, јас отидов во школо.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Голем фраер е братучет ти, и во школо кај нас зборуваат дека лудувале девојките по него.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Знам – му одговорив горда на Борче – тој е цар за вас од подолните класови, нели?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Никогаш кога излегувам надвор не си ми рекла кога точно да се вратам, па ако не те послушам, да се лутиш, да правиш проблеми, да не ме пуштиш следниот ден... сите така постапуваат со своите деца, само ти и тато не.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Карабинерите си отидоа и ние влеговме во школото, си ги собравме луѓето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме однесоа во школото, во командата на Германците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оти во школото ни е сѐ: и предавањето и јадењето и спиењето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ако сакаш да возиш автомобил - а никој не те присилува - ќе се запишеш во школо, учиш и полагаш возачки испит; ако ја заебеш работата ќе ти ја земат дозволата.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тоа те учат во школо.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Дали суровоста на сиромаштијата ја чувствувавте и во училиштето? Во школото немаше богати.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Многу добро знаев како мириса цедевита.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Не, - рече Бистра, - Ќе ти дадевме, само што тоа е еден лек што ни го даваат во школо.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)