во (предл.) - јад (имн.)

Патуваш по границите рани, странични на вселената – изведена смисла/свет а таму душата лебди, бдее бедеми бедни та раскошни со плимата плиска со осеката секне секавично и ведно гледаш и мижиш во длабините и самиот длаб на етерот бладање, сон на сенката светилник на помрачението блаженство во јадот страст за питие смрт и заборав за лага и заблуда за облик, опиум!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
2. Од збор до зло-дело Се згрозив, Бела Троице18живата реч ја сведов на зашеметен шум зелен страв и црн смев иронија алегорија карикатура убавото го нагрдив оти видов на секоја педа од домот мој похота по туѓ имот стрвност по стихијност ставање рецки на почеток и крај во историјата (за да може да се викне „мое“ и да се потегне!) оти видов луѓе се насладуваат во јадот на ближниот се ситат ненаситно еда просто ситење својствено човеку створу божјему, ѕверу, укору! оти очите ми претекоа од гледање зборот ми се преврте наопаку - опак камшик очигледен!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)