во (предл.) - јазол (имн.)

Змијата се смота во јазол во кој беа фатени двајцата.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Потоа од другиот џеб извади едно друго шамивче, врзано во јазол, па рече: - Еве, да видиш, ова се чешниња од лук, ја секогаш ги носам со себе.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Виртуоз на дијалогот: залажува и залижува зборува и о-зборува во уво се вовлекува дршка од цреша во јазол врзува; Коски нема, а коски крши.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Сега и самата се увери дека селаните се животни, оти на жените само пар брадавици им ги врзуваше цицките во јазол, а под нив, на стомакот, немаше други.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во текот на денот една девојка си ги броеше прстите на нозете, една старица се обидуваше да протне јаже низ иглени уши, еден старец разговараше со аголот, еден млад човек се тресеше од страв од десниот ракав на својата кошула, една жена…, еден маж…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во оние други спални, во кои спиеја по две, по двајца, среќата и несреќата се врзуваа во јазол.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)