во (предл.) - јасли (имн.)

Во таа мисла ја најде нунката што го носеше девојчето в раце, и бидејќи е адет да не зборува дури го држи, — отиде право во јаслите и го остави таму.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Невестата Митра го наполнила кошот, ама многу е стегната рака, та само неколку сламки најде во јаслите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бојан ги прибра во тремот, ги собра во долната половина, каде што во јаслите го беше наредил сеното, и ги загради со една леса, која служеше, кога е потребно, тремот да се преградува на две.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Како и секогаш нафрла храна во јаслите, го срина малку ѓубрето кај говедата, им посла сува слама, па чекајќи така добитокот да му се порадува на убавото зимско сонце, да се надише свежина гризеше јаболко и пребаруваше низ мутвите на кошарата, низ сеното и сламата во плевната, низ сомнителните места во ѕидовите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Им ја отвори прво вратата од тремот на говедата, па кога тие се спуштија кон поилото, оставајќи жолти траги по белата снежна патека, тој се качи во плевната и им спушти во јаслите од кошарата два снопа царевиње.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се качи во плевната, нафрла во јаслите сено, не водејќи сметка колку и како фрла.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ме чувала додека мама била на работа, не се согласила да ме носат во јасли и градинка - како што ги носат другите деца.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Јас ѝ ги подринувам лепешките, скубнувам слама од кошот и ѝ фрлам во јаслите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мирче не се плачеше од јадењето, вели, им краделе рогушки на маските, чинеле наврти му се на рогушките во јаслите, вели, и одбирај од најголемите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)