во (предл.) - ќебе (имн.)

Во ќебиња и легени - посечени раце, нозе, прсти, скршени заби, извадени очи. Сѐ во една јама.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Умрените се носеа завиткани во ќебиња, во веленца, на тезгериња, или на колички и се фаќаа со дрвени куки.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Александар истипка едно ОК и пиши каде и повторно се вовлече во ќебето.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Најтешка беше умирачката. Мртовецот се вадеше надвор извиткан во ќебе, зашто ни сандак можеше да му се направи, ниту на гробишта да се однесе, туку само му се правеше дупка во снегот во дворот и се оставаше тука за да не се смрди в куќи и да не се плашат децата; се забодуваше крај него висок стап со крст на врвот за да му се обележи местото: да се знае каде е ставен во снегот и да се најде кога ќе запре снегот за да се однесе на гробишта и да се закопа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Зошто вака завиткан во ќебе ми се шеткаш од соба в соба?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Потоа долго ме носеа во ќебе де угоре, де удолу, како во сон го слушав жуборењето на потоците.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ги завиткуваа во ќебиња и пљас во водата. И толку.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- До таму – покажа со рака – каде завршува паркингот – во ќебе ме довлекоа две жени.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Една од тие воени зими беше најстудената што ја помнам; студот не ни дозволуваше да заспиеме навечер, па останувавме со мајка будни во мракот на приемната соба, тропавме со нозете по подот и триевме дланка од дланка да се згрееме, проговорувавме по некој збор, а потоа, кога ќе изминеше ноќта, кога ќе минеше утрото а ближењето на пладнето малку го ублажуваше студот, одевме секоја во својата соба и заспивавме.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Немавме ќумур ни дрва за огрев, па во зимите седевме завиткани во ќебиња, со капи на главите и ракавици на рацете.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)