во (предл.) - Арап (прид.)

Улогата на латиничното писмо, главно поради италијанското влијание во овие краеви, очигледна е во начинот на кој се симболизирани самогласките и согласките (поинаку отколку во арапскиот), но во насока на пишување од лево кон десно.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Еден ден, гледајќи го со каков мерак ја разгледува од сите страни куќата соѕидана во арапски стил, среде Скопје, крај којашто минуваше тајфата, му рече мајсторот Трајан на Аргира којшто одеше до него: - Петле, петле има кај ова момче.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Пашата, вљубен во крстена младост, а и самиот млад, ги пратил девојките со товар азно, со дукати малку помали од сонцето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ашколсун, ги подал кон арамиите рацете да му ги целиваат, ги облекол во арапски антерии и им дал анџари и наџаци да се бранат патем, при враќањето, од човек и од ѕвер.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можев во тогашниот Тунис на Бургиба, кој беше во зенитот на својата владетелска моќ, да ја доживеам реакцијата во арапскиот свет по поразот...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во првите денови на јуни 1967-та како млад новинар се најдов првпат во Тунис.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој како да ги држеше сите политички клучеви на зовриениот медитерански град каде што беше пренесен епицентарот на блиско-источната криза.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Беше баран речиси од сите дипломати поради Арапската Лига, блиските односи со Арафат, уште од Каиро, кога овде беше амбасадор на Алжир, силните врски со владејачките личности во арапскиот свет.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Кога тие наесен се селат во арапските земји, носат на свој грб и пријатели.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)