во (предл.) - августовски (прид.)

Ова беа и делови од омажот, кој му го посветив на Махмуд Дарвиш, на големата вечер во катедралната црква Света Софија во августовската ноќ 2007 година.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На Махмуд Дарвиш таа година народот на Македонија во својот свет храм му го подари најсветото што можело да му се подари на еден поет - неговата тиха сина светост и тишината на истрајбата во времето, како пристан во враќањето од егзил на поетот во прегратката на човештвото...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И потем, излезен од манастирот, гледајќи во бескрајната синевина, слегувајќи на брегот, сретнуваше луѓе во августовската жега.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Францускиот поет Андре Френо (од генерацијата на Кено, Тардје, Мишо, Понж, Гилвик), при една посета на манастирот Свети Наум, беше загледан во лицата на светците од фреските на манастирот, речиси го запамети секој израз на лицето, играта на боите, нијансите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)