во (предл.) - атеист (прид.)

Имаше зраче надеж, како светлината која се прекршуваше, губеше, кршеше од заробеното парче витраж од некоја катедрала во Атеистичкиот музеј, кое доаѓаше од единствената фигура во таа заробена човечка протоплазма, а тоа беше од време на време навидум доверливиот глас на А.А.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И така, во Атеистичкиот музеј во Скадар ми беше фрлена анатемата како на непоправлив неверник во сталинската идеологија на родната земја, ми се стеснуваше стапицата на некаков имагинарен реванш без реални причини.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во мигот не одговорив. А.А. по малку продолжи: - Те гледам и слушам во Атеистичкиот музеј, а ми кажуваат и на целото патување, наивно се однесуваш за твоите години.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А.А. гласно, како во Атеистичкиот музеј, го изговори последниот збор од реченицата „иднина“, сигурно за да допре и до слушното поле на Х.Х.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Повторно се огласив на неисцрпната тема: - Не заборавајте, другар А.А., политичкото месијанство што насилно го преземате од трите вери на албанскиот народ и го прогласувате како свое, за кое потоа сведочите во Атеистичкиот музеј, со тоа само ја продолжу­вате вашата религиозна илузија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Го слушав А.А. во Атеистичкиот музеј, каде што бе­ше во потрага по реторични ефекти, за да го прикове на­шето внимание, а ние сите рамнодушни, со мислите отсутни.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
З.З. се разликуваше од другите водичи – конзерватори, посебно од оние во Атеистичкиот музеј во Скадар. Беше отворен, реален.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А преостанатите ги пре­обра­ќаа во атеистички музеи, во музеи на материјализмот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
XIX Единствената добра страна на мојот насилен престој во Атеистичкиот музеј, храм на антиверувањето, беше неговата дијаболична сугестивност да го забрзува во моја­та свест и потсвест, поврзувањето на мојот поранешен живот со сегашниот, да враќа во мене заборавени, речиси архетипски семејни пораки.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)