во (предл.) - бескраен (прид.)

Тоа, се разбира, е благодарно подрачје за некои современи мрежни проекти и перформанси коишто се структуирани како непрекинато откривање на опскурното под површината на убавото тело.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Опскурното се искажува во бескрајната пластична операција што ја изведува феминистичката перформерка Орлан; опскурните односи помеѓу идеалните тела се откриваат во меѓумрежниот проект Bodies Incorporated во кој на посетителите на проектот им е овозможена конструкција на сопствени тела коишто потоа дејствуваат низ пропорции и релации на една однапред програмирана корпорација.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Прво би почнал да паѓа покривот врз таванот, таванот врз душемето, душемето врз тлото и потем сѐ ќе се урмелиса надолу во бескрајната сина длабочина.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Но, како да се порекне дека, наспроти сите тие ветени раѓања, постои еден и ист пат, един­ствен, кој истрајува и секогаш се повторува?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Доколку тоа се вклопува во нашиов разговор, повеќе би сакал, наместо непосредно да ви одговорам, да се впуштам во бескрајна анализа на реченицата: „Јас, јас сум, јас сум роден“ - кадешто времето не е назначено.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Вперени во бескрајна низа немили сеќавања. На кое да запре? Сеедно: во секое има горчина...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се удави во пиењето и во бдеењето во бескрајните ноќи по кафеаните, каде што можеше секој да го навреди, да се подбива со него. Така долги години.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И тој како ѕидар учествуваше во развојот на овој предел, одејќи во чекор со најновите усовршувања и иновации во трговијата, употребувајќи најнови и различни материјали, менувајќи ги стиловите на куќите, што ги градеше, од стари конвенционални модели до најнови типови на ранчови, и подредените викендички кои сега се протегаа во бескрајни редици на обете страни од сообраќајната артерија.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ако реков жеден ништо не ти кажав.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
И гледај - место в соба, се најдов во бескрајна пустина, поклопена со усвитено сонце.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Нивната глума е некој вид признание – многу слично на дрег-кралицине што се прават Милдред Пирс пред огледало (според формулата на Итан Морден), терани во бескраен копнеж и очај од самата моќ и од самото совршенство на женската женствена маскарада.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Единствено стасав да го здогледам побледеното бебешко – сензуално лиценце на Лолита, кое потоа позелене, а потоа исчезна во бескрајната ѕвездена маглина.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Чувствувам, ѝ рекол (седнати на брегот, во бескрајниот круг на ноќта, со водите пред себе, кои се мрешкаат под ѕвездената милувка, притаени, но живи): - „Она што го сметав за свое знаење – прочитаните мудри книги, од чии страници ја учев наизуст вистината, долгите дијалози и монолози со умните пријатели, сето тоа – не ми помогна да ја предвидам твојата едноставност.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Испишана на карпи и гробови, опеана во песни, свиена во бескраен венец од легенди и преданија.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тврдината имала тајни и добро скриени подземни ходници што овозможувале снабдување со храна и вода во случај на војна и долготрајна опсада.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Богатата Струмичка котлина и тврдината Струмица биле омилено место на римските императори.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Седевме со Анастас на палубата од бродот и гледавме како отепани од господа во бескрајната вода и пенливата река што бродот ја оставаше зад нас.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Го впери и таа погледот низ прозорецот и одлута со мислите во бескрајното пространство.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Честопати кога го надлетував Медитеранот во повеќегодишната мисија во Тунис се потсетував на мислите изречени од писателот- пилот Антуан Де Сент-Егзипери, прославениот автор на Малиот Принц, мисли жнеени во бескрајниот свет на тишината на ѕвездите, во неговите мисии како еден од првите воени пилоти.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Францускиот поет Андре Френо (од генерацијата на Кено, Тардје, Мишо, Понж, Гилвик), при една посета на манастирот Свети Наум, беше загледан во лицата на светците од фреските на манастирот, речиси го запамети секој израз на лицето, играта на боите, нијансите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И потем, излезен од манастирот, гледајќи во бескрајната синевина, слегувајќи на брегот, сретнуваше луѓе во августовската жега.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Натамошното постоење на еден збор зависеше од друг, трет, и така во бескрајна низа...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
L Никој жив не можеше да разбере што се случуваше длабоко, длабоко во душите на Татко и Камилски кога дојдоа речиси на полпат од нивната донкихотовска борба со османскотурските заемки во балканските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
-А она, од стариот филозоф, што нè држи хипнотизирани толку време, ќе го повторите?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Даркер се потсмевнува, нурнат во бескрајната темнина на своето лице.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Одново подига очи и се загледува во бескрајната снежна шир облеана со синкавата и бледа светлина на полната месечина.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Често, така сам и очаен, ја молеше смртта да дојде по него, а таа го заобиколуваше, оставајќи го и натаму да биде единствениот бесмртен човек во бескрајната вселена.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Прво тетка Перса се прекрсти и ја бакна Богородица, ја натера Пеличка да се прекрсти и кревајќи ја, да ја бакне во златното лице, дури потоа Пелагија застана пред Богородица и долго стоеше со подзамижани очи, со жесток прекор во срцето, мигум се сврте тркалото на нејзиниот живот од она попладне на нивното сретсело сѐ до разораната нива во бескрајната Војводина и сега ѝ се чини дека сѐ уште лежи со раширени нозе, и тоа трае, трае, Перса ја кренала Пелагичка и ја притиска силно на своите гради и чека кога Пелагија ќе се сврти и јурејќи ќе излета од црквата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Патуваа негде мравките во бескрајни колони.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)