во (предл.) - бетонски (прид.)

Тие излегоа откај влезот со пластична кофа, па заедно ги полеваа цвеќињата насадени во бетонски жардињери, од двете страни на влезот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Вулкански темперамент затворен во бетонски ѕидови.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Пред да се влезе во дворот на Ханка и Борис требаше да се мине мало дрвено мовче по страните заградено со метална мрежа под кое бавно, речиси незабележано, течеше прегорено машинско масло што на десетина метри оттука се влеваше во бетонски уреден отвор на одвод кој под хангарите најверојатно водеше кон реката.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Јунаците на Живковата Пасквелија вијат оро на манастирската чистина, а сончевата синевина ги вовлекува омекнатите мозоци во усвитен вител, што стврднува во бетонска смеса од ракија и пиво.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)