во (предл.) - ветов (прид.)

За прв пат забележи колку лицето му е издолжено и исушено, и дека е облечен немарно, во ветвиот сив капут што го носеше уште од нивните прошетки низ паркот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Подоцна некој бабуњосан Адам Лесновец, за кого можело да се поверува дека удрил со муцка во улиште, им кажал на луѓето од дружината дека човекот во ветов кожув се вика Доце Срменков.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И одеднаш, домаќине мој, си се гледам, така насон си се гледам - во ветва кошула, сета скината, а рацете ем од сокот алов валкани, ем груби, старечки, со жили напнати, помодрени...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Такви спрложени чудотворци живееле гологлави некогаш на сува папра и во дупки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)