во (предл.) - вишен (прид.)

* Седам во тремот додека врне дождот а чинам дека тече по мене по моите вршки и лисја по моите гранки по стеблата по корењата по моите мравки тече по мојата шума по мојата земја по мојата мисла тече по мојата изненада закопана во брчките го брише мојот уплав мојот страв мојата осаменост во бесоницата во трептеж во напуштеност врви по дамарите мои се вовлечува во моите очи дождот што ме буди што крепи што плоди и јас станав извор што ѕвони цвет што се шири плод што се дрочи додека живеам и растам во оваа стара шума на моето постоење во вишнава гора во шумниве лисја.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Кулата ќе свети како небеско светило, да не речам, како сонце, како ѕвезди, како месечина во дална далечина, во вишна височина.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Таа помисли колку е убаво да си дел од вечноста во вишен слободен лет. Колку е убаво и да не си сама.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)