во (предл.) - влашки (прид.)

Власите беа и се кремот на Грција. Таму во Пинд, во влашките села, нашите куќи беа палати.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Беше мајка му на Проедросот:подгрбавена, во влашка носија со бела шамија врзана згора, налик на синот но со усните посинети и некако оторбешени.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ако е така, тогаш природно е оти со барањето црковна реформа ќе се соедини и барањето училишна реформа, т.е. Архиепископијата ќе ја земе во свои раце училишната работа и ќе се сообразува во неа со народноста на својата паства; во грчките епархии и парохии ќе се учи во училиштето и ќе се служи во црквата на грчки јазик; во влашките – на влашки; во словенските – на македонски.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ибн Тајко се изненади: „Од каде знаеш?“ „Не си ли во влашкиот катун на Горна Белица?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)