во (предл.) - воден (прид.)

Тоа не беше силен дожд и не тропаше додека врнеше, се брануваше во водни платна и воден прав.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Наметнат со долга и сина, како водите на езерото антерија застануваше на најдолното стапало и вѕираше уморен поглед во водената површина - сѐ додека по неа играа сончевите зраци...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Нови јата риби надоаѓаа и пласкаа во плитката вода крај брегот, прпелкаа како фатени во мрежа: се пикааа во трските, во шеварот, во водните растенија и испуштаа чудни шумови и клобурци над водата; шумеше водата како подземни извори да се креваат; пиштеа галебите и сите езерски птици кружејќи и налетувајќи на рибите; трчаа луѓето, довлечкуваа кошници, сепетки, кошови, вреќи, и ги полнеа со риби; довлечкуваа и магариња, коњи, ги товареа со риби, се грабаа меѓу себе, се караа, се пикаа во езерото, заграбуваа поголеми и попресни риби; ги соблекуваа кошулите, панталоните и со нив фаќаа за да не им се лизгаат рибите од раце; се крвавеа во прстите од нивните перки, од нивните крлушки, удираа по нив со ости, со вили, со виљушки врзани на стап за да ги скротат и да не им бегаат од раце; се мешаше водата со крвта од рибите и од рацете на луѓето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Впрочем кога човек ќе истурка еден сонувачки век Најнакрај има право малку и да се разгаќи Да ги пушти соновите да се нишаат по езерската шир И да ги крепат охридските маратонци А и другите пливци и скокачи во водени сонови
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Сѐ ми пушта со очите: му играат како жива во водена терезија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Неговиот дворец мора да е всаден само во водниот дел на островот што ја држи ледената палата на ветриштата.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)