во (предл.) - волнен (прид.)

Сликан е на истата оваа клупа на која тој сега седи, на денот кога заодел на училиште; на рамото држи шарено торбиче со книги; на капата му се гледа римски број I; облечен е во волнени бечви и антеривче.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ја стави раката, сè уште во волнена ракавица, на градите, таму од каде што ја чувствуваше топлината и сети како прстите му допреа нешто влажно.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Погледна надолу кон градите, едвај веднејќи ја брадата поради крутоста на подмрзната униформа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)