во (предл.) - врвен (прид.)

А Писмородецот позелене од злоба, и жолта, горчлива пена на уста му идеше, оти царот зборови многу пофални и сјајни за мене рекол, и сликата ја поставил на вратата од гробницата на својата ќерка, и му наложил на Писмородецот и мене да ме примат во врвниот совет на царот, најумните каде што седеа, со Писмородецот на чело!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Каде се чуло видело Теодос кум да биде цигански, еј, Теодос кум да биде цигански!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Нова, на стар глас. (Прв пее тој еден стих, па сите повторуваат, стоејќи над Теодос кој сам седи погоден од песната, се удира со тупаници по глава и ја удира главата во дрвото, во врвна очаеност.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Во Југославија, во врвното раководство, кое го означуваше крајот на Титовата генерација, со аманет да го сочува самоуправниот социјализам, братството и единството, како и неврзаната политика, веќе се насетуваше центрипеталната националистичка контаминација.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во светот се насетуваше крајот на биполарната епоха, се наѕираа првите пукнатини на Берлинскиот ѕид, крајот на Варшавскиот пакт и СССР, продолжуваше да живее. Движењето на неврзаните, макар што нејзините основачи Нехру, Насер, Сукарно, Тито и други беа исчезнати од животот и политичката сцена.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)