во (предл.) - гимназиски (прид.)

Беше инспиративен водител на сите училишни приредби, а во гимназиските клупи главен организатор.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Прекрасно, сине, книгата Духот на законите, во 1734 година, близу сто и повеќе години, ќе ги оживее своите значења за нашата генерација со Мустафа Кемал на чело, првин во гимназиските клупи во Воената гимназија во Битола во 1900 година, а потоа и во Анкара пред прогласувањето на нашата Република Турција...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се разбира дека тоа не е сѐ. Социјализмот во мојата претстава почнува некаде од некои газиени ламби, со право на одвај четири тетратки во годината во гимназиските клупи и со многу транспаренти и пароли против студот; со први куси панталони од излитено вејничко ќебе што ќе ги облечеш одвај на твојата шеснаесетта година за да прошеташ низ полето што сѐ уште потсетуваше како да е „во војнички цокули обуено...“
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Во 1933 год. тој дебитирал со расказот “Нашиот поет“ во битолскиот весник “Јужна стража“.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Поинтензивно почнал да се занимава со пишување во гимназиските години во Битола, учествувајќи активно во литературната дружина при Гимназијата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
(Во гимназискиот оркестар удираше на тапани, па тераа шега спорејќи се дали е поправилно да се вика „тапанџија” или „тапанар”.)
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)