во (предл.) - гласен (прид.)

Сара не им се придружуваше на пријателите на сестра си; кога ја посетував во средите, останувавме во нејзината соба, разговаравме како и вообичаено, и само повремено ќе се заслушавме во гласната смеа, во живите дискусии, или во звуците на пијаното и заедничкото пеење кои доаѓаа од спратот над нас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во една од тие среди Берта се симна во собата на Сара и нѐ замоли да се качиме во нејзиниот салон, за да го запознаеме сликарот кој треба да изработи портрети на нивното семејство.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таман почна да задремува слушна чудно брмчење кое наскоро прејде во гласна бучава.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)