во (предл.) - глобален (прид.)

Високите кругови на глобализацијата се карактеризираат со мобилност на висококвалификувана работна сила, дигитална размена и децентрализација на производството; во исто време, протокот на глобалниот капитал бара инфраструктурата да биде централизирана во глобалните градови со голема популација на нискоквалификувани работници кои се потребни за опслужување на инфраструктурата.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Но јас не само што го изневерував татковиот непишан животен диктат, туку бев длабоко замешан во глобални спорови меѓу етнички идентитети, идеологии, егзистенцијални ситуации.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Како што демонстрира Саскија Сасен во својата контрагеографија на глобализацијата63, доминантниот Mark. B. Salter (Cullompton: Willan, 2005), 51. 63 Saskia Sassen, “The global city: strategic site/new frontier,” Globalization, no. 503 (2001), http://www.india-seminar. com/2001/503/503%20saskia%20sassen.htm (accessed No- vember 8, 2006). 47 дискурс на глобализациските трендови за нагласување на хипермобилноста, глобалните комуникации, неутрализацијата на просторот и оддалеченоста, ризикува да се заборави дека многу од ресурсите неопходни за активностите на глобалната економија не се хипермобилни, туку се всушност длабоко вкоренети во некое место, особено во места како што се глобалните градови и слободните трговски зони.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Една цела фаланга националистички ориентирани политичари, писатели, фарисеи, профитери започнаа да го нагризуваат споменот на некогашниот владетел кој според едни, и не беше ангел, но не се и луѓето ангели, додека според други ако е политиката уметност на можното, Тито го правеше и невозможното.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Таквите држави се тип на бебиња во глобалниот политички живот на планетата, а знаеме дека бебињата се апсолутен приоритет за хуманистичката свест (кон која се стремат инженерите на новиот светски поредок); колку што се бебињата послаби, толку грижата за нив е поскрупулозна.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Трети велеа дека никогаш овој простор во глобални рамки не бил позначаен како што бил во голем дел од Титовиот живот како за Балканот, така и за третиот свет.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)